Сè што ми треба се луѓе кои ја заслужуваат мојата позитивна енергија

Велат тешко е да најдеш луѓе на кои можеш целосно да се потрпеш без притоа воопшто да се грижиш дека ќе нема кој да те задржи кога беспомошно ќе паѓаш, целејќи кон земјата.

nauciv-da-bidam-so-lugje-koi-ja-zasluzuvaat-mojata-pozitivna-energija-01

Но, ние луѓето, како најинтелигентното суштество, од општеството брзо учиме. Како што изминуваше животот брзо учев како да ги прочитам луѓето.

Го чувствував секој поглед и знаев што се крие зад секое движење, можеби тоа беше само моја маана, која често добро ми доаѓаше во моментите кога другите сакаа да ја искористат мојата слабост.

Колку и да звучи чудно, научив да не дозволувам емоциите да одлучуваат, во такви кризни ситуации предност имаше разумот.

Тоа беше последица на сите претходни солзи, пролеани заради болката од вербата во луѓето кои едноставно не заслужуваа да добијат нечија доверба.

Многумина не можеа, но јас знаев да го пронајдам тоа ладно чувство и да го активирам секогаш кога ќе почувствував дека другата страна ја повредува мојата личност, злоупотребувајќи ја довербата која му беше доверена.

Сето тоа ми се вртеше во главата додека полевав црвено, силно вино во чашите кои стоеа на масата. Ги полнев со чисто срце за луѓето кои седеа во дневната соба. Моите пријатели или оние кои останаа доволно долго за да можам да ги наречам пријатели.

Седнав до нив и како што секогаш знаевме, со звуците на гитарата потпевнувавме песни кои ни беа омилени, заеднички стихови кои правеа да се наежиме од прво до последно влакно.

Делевме многу, добро и лошо, тага и среќа, почеток на нови врски и раскинување на старите. Тие беа мојот лек секогаш кога ќе почувствував дека тонам во жив песок, без да има излез. Тие знаеа да ме повлечат и да ме натераат повторно да гризам по животот, борејќи се за себе.

Уживав во нивната близина, пред сè бидејќи знаев дека мојата позитивна енергија и искрениот разговор се она што ги прави да бидат околу мене. Немаше скриени намери, немаше желба за искористување. Едно сиромашно семејство кое немаше што многу да даде, но сепак делеше едно богатство за кое многумина сонуваа.

Без да можев да опишам, без да знаев како, животот ме учеше секогаш да барам таква заедница. Онаа каде можам да блеснам со она што го знам најдобро, а тоа што го знаев најдобро беше да бидам јас вистинскиот, без никакво преправање.

Долго пред тоа, многупати сум избегал кога сум увидел дека мојата личност скапува на сметка на другите, а моите зборови се земени здраво за готово.

Велат никој не е поблизок од семејството, но јас знаев да речам семејство, подготвен да жртвувам сè што имам за да бидам нивниот штит кога тоа ќе биде потребно.

И додека прстите на гитарата добиваа болки од прекрасниот звук кој излегуваше од нив, виното капка по капка се пиеше, а каминот даваше еден пламен кој беше прекрасен за тоа зимско време од годината, јас само се молев засекогаш да бидам опкружен од луѓе кои ќе ја заслужуваат мојата насмевка.

Луѓе кои ќе ме натераат да се подобрам и да бидам прекрасна личност како нив самите, луѓе кои ќе бидат дел од она што сакам да биде моја иднина.

 Во таквите моменти  се чувствував како само тука да припаѓам и сакав никогаш да не престане, верувајќи дека секој ќе успее да ги пронајде луѓето кои ќе ја заслужуваат нивната насмевка...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg