Моментот кога ќе сфатиш дека ти си твојот најголем непријател

Го знаеш она чувството кога сè е добро? Дури навидум и предобро. Ти дури и не си барала ваква среќа, но едноставно таа се случила.

Momentot-koga-kje-sfatis-deka-ti-si-tvojot-najlos-neprijatel-01

Се чувствуваш како да можеби и не си ја заслужила.

Еден ден одлучуваш да провериш дали си во право и тоа е денот кога почнуваш да ја саботираш ситуацијата во која самата се наоѓаш.

Стануваш раздразлива, премногу размислуваш. Ги туркаш луѓето од себе, терајќи ги да го прекинат односот со тебе бидејќи во твојата глава тоа всушност тие и сакаат да го направат, нели?

Дали сето тоа е само прашање на контрола? Можеби. Можеби има нешто во тоа дека самата си причинител на сопствените неволји.

Ти сакаш да си ги потврдиш сопствените негативни мисли. Тоа е помалку лудо и целосно исцрпувачко.

Понекогаш е само една секунда во прашање. Само една мисла за минатото, кога залутала од рационалноста на твојот ум за тој да може да ја види онаква каква што навистина е.

Токму таа една мисла може да се насели во твојата личност и да те храни со анксиозност и сомнежи, одземајќи така од тебе денови, недели, па дури и месеци од твојот живот.

Единствениот начин на кој можеш да се бориш со неа е да бидеш брутално искрена со самата себе.

Препознај од каде доаѓаат твоите емоции и храбро соочи се со нив.

Иако можеби ти се чини дека тоа е скриен дел од тебе од кој би требало да се срамиш, не е лошо да поразговараш со луѓето кои ти се блиски, бидејќи преку разговор за овие нешта, негативноста полека ќе ја изгуби својата моќ над тебе.

Освен тоа твоите блиски луѓе ќе знаат да ги препознаат ситуациите во кои ти е потребна помош, да не паднеш во замката на негативноста.

И конечно, обиди се да се сетиш колку си силна. Ти си всушност навистина среќна. Сети се дека насмевката сјаела на твоето лице. Неа ја снемало затоа што ти си помислила дека не треба да ја има.

Затоа избери радост и продолжи да го живееш својот живот.

Обиди се да бидеш среќна. Бидејќи тоа и го заслужуваш.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg