Ми вели „Очајна сум никој не ме сака, ама прифаќам дечко само како Бред Пит“

Искрено ми се исповеда дека има огромна потреба за маж кој ќе биде постојано покрај неа и со кој ќе ги дели животните болки и радости, но нејзините критериуми, ете тие ѝ се проблемот...

mi-veli-ochajna-sum-nikoj-ne-me-saka-ama-prifakjam-dechko-samo-kako-bred-pit.jpg

Уште малку ќе го прослави 40-тиот роденден и ми се жали како се чувствува осамено. Има завидна кариера и коцките на секое друго поле, освен на поле љубов, ѝ се совршено подредени.

Изгледа одлично, забавна е, предана кариеристка и човек што знае како да прави баланс и да ужива во животот. Па, како оваа речиси совршена жена не може да ја пронајде својата втора половина?

И онака на шега ѝ споменувам дека имам неколку сингл другари и ѝ ги покажувам на фотографија и давам кус опис за нив.

За сите добив одлучно „Не, не, не“. Ми нагласи дека не би прифатила ниту кафе средба со нив, ниту би им дала каква било шанса кога ја убедував дека некои од нив се навистина шармантни, забавни и дефинитивно имаат што да кажат.

За сметка на ова ми испрати фотографија од списание од маж, кој изгледаш небаре бог, од извајани стомачни мускули до холивудски бели заби, и ми рече дека само таков би прифатила за партнер.

Во време кога таа не беше во цутот на младоста, изгледаше убаво, но дефинитивно не како божица, и кога поголемиот дел од мажите на соодветна возраст се веќе зафатени таа сè уште размислува како средношколка и негува чувства кон некој кој ниту ѝ е достижен, ниту некогаш ќе запознае некој налик нему. Па, не е веќе средношколка, од каде ваков филм?

Јас разбирам дека има високо мислење за себе и ја поддржувам комплетно, дефинитивно верувам дека девојка не смее да се смири со некој кој не ја исполнува духовно, интелектуално и физички, но и сум за тоа да не се преценуваме себеси и да не си поставуваме недостижни цели.

На крајот од денот, можеби само ќе го навредиме на миг со одбивањето момчето кое ни се додворува веќе неколку месеци и се труди околу нас, но многу повеќе, подлабоко и поболно ќе се повредиме самите себеси. Растргнати помеѓу нашите идеали и потребата за нечие присуство 24/7 во нашиот живот, ние сме тие кои се чувствуваме осамено навечер.

И не велам дека е погрешно да си посакуваме најдобро, ниту да одлучиме дека сме од оној тип на луѓе на кои им е подобро во животот сами, но погрешно е да сме од типот на луѓе на кои им треба уште една половина за да бидат едно цело, а притоа да не дозволуваме никому да ни се приближи и да се потруди да се претвори во тоа.

Имаме скицирано нешто и не прифаќаме ништо помалку од тоа. Најтрагично во целата ситуација е што скицираното е физичко, а нели тоа беше основен критериум во втора средно, сега се бара да има малку повеќе кога ќе загребете под површината?

Ајде, драга, биди фина кон себеси, дај му шанса на човекот, дај си шанса за среќа себеси. Можеби нема совршени коцки на стомакот, но ќе знае совршено добро да те сака...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава