Љубов е кога си горда на него!

И не е многу голем потег, мал е и речиси незначаен, но направи да сфатам зошто ми е незаменлив - затоа што душата му ја сакам.

ljubov-e-koga-si-gorda-na-nego-01.jpg

Една случка деновиве некако ми ги отвори очите и спонтано си го открив одговорот на оние прашањата што ние жените (пофилозофски настроени од мажите) знаеме да си ги поставиме: „Зошто го сакаш? Што е всушност љубовта?“

„Љубов е кога си горда на него, кога душата му ја сакаш. Да, дефинитивно тоа е љубов за мене!“, си открив деновиве додека го гледав во една сосема обична ситуација.

Шетавме покрај еден водопад на 70 километри од Скопје, вљубеници во природата – виновни признавам, кога двајца чичковци со седа коса ги гледаме со стап огромен во рацете се спремаат кој да се спушти низ стрмнината кон водопадот за да го изгасат чадот што доаѓаше оттаму. Некој несовесен лик фрлил најверојатно цигара, мислејќи дека ќе се изгасне во разжуборената вода, но таа завршила во сувите кори и лисја од дрвјата на земјата.

И го гледам мојот партнер без воопшто да размисли им вели почекајте и се симнува надолу. Срцето ми сопре, си велам отиде човекот, падна во водопадот, но откако се стационираше и почна да гаси сипувајќи вода од водопадот некако убаво ми дојде. Така некоја топлина на срцето, горда си бев, сакав на светот да му кажам дека тој е мојата втора половина.

И кога си размислував колку душата му е убава ми доаѓа еден од чичковците и ми вели: „Златно момче имаш, добро, хумано, тоа е реткост кај младинава во денешно време, да го чуваш“, дури мислам дека чичкото, најверојатно локалец, имаше солзи во очите што некој, да го наречеме турист на поминување, се загрижи за можната штета.

ljubov-e-koga-si-gorda-na-nego-02.jpg

И не е многу, малку е, но вакви мали гестови сфаќам дека тој секојдневно прави. Првпат ја гледа тетка ми со внука ми и сам ја фаќа количката да ја качи по скалите, ќе го види татко ми дека нешто не му се сите овци на број, па ќе започне да го прашува како на работа и часови ќе мине во разговор со него, сестра ми ќе ја однесе на аеродром среде ноќ, на соседот ќе му средува документација, на старата сосетка ѝ инсталира апликации на телефонот и ја учи како да ракува со нив и што уште не.

Некако секој ден како да има некој ситен потег со кој го прави светот подобро место за живот.

И понекогаш знам да врескам на него, такви сме ние жените драма во секое издание, но на крајот од денот кога лута знам да кажам дека ќе си најдам друг (признавам за банални работи), сфаќам дека тој е еден од ретките луѓе со убава душа. Сфаќам дека сум горда што со таков човек го делам секојдневието, сфаќам дека убаво ми е кога ќе кажам кој е мојата втора половина, кога ќе ми кажат дека е вистински добар човек и дека такви на веков ги нема многу.

Сфатив дека љубов е кога сум горда на него....

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg