Веќе не сум истата, сфатив - животот те руши за миг, само ако така наумил

Дечко ќе преболам, работа ќе прежалам, безвредно пријателство ќе прекинам... Па, кој ми може нешто кога сама ги држам конците од својот живот во своите раце? Но, не било така!

vekje-ne-sum-istata-sfativ-zivotot-moze-da-te-srushi-za-mig-samo-ako-taka-naumil-01.jpg

Мислев дека сум непобедлива. Дека ништо не може да ме порази. Дека јас го имам тајниот рецепт како треба во животот. Мислев дека сè сами си правиме.

И не беше така. Сфатив дека сум нежна како памук оставен на дожд. Дека животот со еден потег може да ме стопи, да ме порази, да ме измени.

Животот ми приреди сцена која јасно ми го покажа тоа. Кога е здравјето на нашите блиски во прашање, тогаш сме комплетно немоќни. Само трепнуваш и повеќе ништо не е исто. Повеќе ние не сме истите.

Сега имаме дел од срцето замрзнат. Психа свесна дека животот носи тешки битки чии резултати ние не ги контролираме. Пред нас имаме ѕвер кој се покажува со сета своја моќ.

Мали сме, скршени, беспомошни, а тој е голем и поган и суров. Вчера веќе не постои, утре ќе биде сосема друга приказна. Ниту ние нема да бидеме истите тврдоглави самоуверени борци со роговите напред.

Веќе не се ни осмелуваме да кажеме „Кој ми може мене нешто“, како што порано ни беше навика. Сега сфаќаме дека животот ни може. Тој може да не сруши, само ако така си наумил.

Сега веруваме дека некои работи се поголеми од нас. Дека иако можеме да ги смениме партнерот, работата, пријателите, непријателите, некои работи само мора да ги прифатиме. Мора да научиме да живееме така како што ни свири тој, иако ритамот ни малку не ни се допаѓа во моментот.

И да, ќе гребеме со нокти. Ќе даваме сè од себе, но повеќе нема да бидеме истите. Сега знаеме колку сме ние мали, а тој голем и монструозен.

Сега веруваме дека ако сака ќе нè столчи за миг. Дека од лошото има полошо. И дека и кога веруваме дека најтешките удари во животот се зад нас, најверојатно нè чекаат нови и поголеми.

И не, колку и да сме силни, апсолутно никогаш не можеме да бидеме подготвени за нив. Во наши раце е само да се обидеме да останеме на нозе, додека тој си поигрува со нас.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg