Добрите страни на стравот, тагата и лутината
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Giro prodavac 22-04-2019
Столар 22-04-2019


Добрите страни на стравот, тагата и лутината

Негативните емоции никој не ги сака, бидејќи природно тежнееме кон состојба во која се чувствуваме удобно и убаво.

dobrite-strani-na-stravot-tagata-i-lutinata-01.jpg

Кога се чувствуваме лошо, сакаме тоа да го решиме веднаш.

Правиме работи кои нè прават среќни, читаме книги, разговараме, без да размислиме на тоа дека и негативната емоција всушност има позитивни страни.

Умот нè заштитува од непријатности

Секоја негативна емоција има свое убаво лице кое не можеме да го видиме затоа што се трудиме да се ослободиме од неа. Треба да знаеме дека проблемот не лежи во тешките и непријатните емоции, туку во тоа што ги третираме како проблеми. Потребно е само да ја прифатиме нивната природна динамика.

Иако звучи едноставно, нашиот ум е прекомплициран за така да ги прифаќа нештата. Тој е навикнат да нè заштити од неубавите емоции, бидејќи самите си ставаме во глава дека од лошите емоции треба веднаш да се ослободиме.

Но, за почеток, можеме да си дозволиме малку тага, лутина, немоќ и да ги пронајдеме нивните убави страни. Во суштина, со тоа докажуваме дека не сме машини, туку луѓе со чувства.

dobrite-strani-na-stravot-tagata-i-lutinata-03.jpg

Стравот создава возбуда

Стравот има многу лица, а најчесто го асоцираме со непријатни чувства. Стравот нè предупредува на опасност, на ризик, на потенцијална катастрофа.

Но, стравот ни помага и да се заштитиме, да водиме сметка за безбедноста, но и да донесеме похрабра одлука, наместо полесната. Го подигнува нивото на енергијата и откако ќе го надминеме проблемот, се чувствуваме како нова, подобра личност.

Вистина е дека стравот поставува граници, но храброста е таа која ќе одлучи дали ќе поминуваме покрај нив или преку нив. Секој чекор преку границата отвора нов пат кон нови достигнувања и успеси.

dobrite-strani-na-stravot-tagata-i-lutinata-02.jpg

Тагата носи исцелување

Тагата е една од осоновните емоции без кои сме осиромашени за цел емоционален спектар. Кога е потисната, создава физички симптоми како тежина во градите, притисок во грлото или чвор во стомакот. Кога ја избегнуваме, стануваме тврди и ладни, иако однатре сме ранливи.

Тагата е чувство со кое ги исцелуваме повредите на душата. Само ако ѝ се дозволи на тагата да бе обземе, може да бидете личноста која навистина сте, наместо да се гушите поради неа.

Таа има прекрасна суптилна природа. Кога си дозволуваме да бидеме тажни, тогаш почнуваме да чувствуваме нежност кон себе и кон другите, но и полесно да се поврземе со луѓето околу нас.

dobrite-strani-na-stravot-tagata-i-lutinata-04.jpeg

Лутината дава сила

Лутината е емоција со која многу луѓе се мачат и не знаат како да ја изразат, а да не ги уништат меѓусебните односи со другите. Поради тоа, многумина ја „вадат“ преку физичка работа, генерално чистење низ домот, готвење или јадење калорична храна. Тие се плашат да не „пукнат“ и потоа да им биде жал.

Тие често си префрлаат себе што воопшто дозволиле лутината да ги обземе, но вистината е дека ако не постои, тогаш нашата емоционална состојба ќе личи на мочуриште.

Немоќта да се карате со другите создава конфликт во вашата глава, а тоа може да биде навистина исцрпувачки. Но, наместо тоа, на оние кои се безобразни кон вас кажете им да си ја гледаат својата работа, а оние кои се жалат, одбијте ги така што ќе им кажете дека имате неодложни обврски.

Лутината ни помага да се одбраниме кога сме нападнати и е одличен сојузник кога треба да се избориме за нешто подобро за себе. 

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога некого сакаш, дај му простор да биде тажен... Кога некого сакате, навистина може да ве повреди и неговата тага. Затоа и веднаш...
Добри дела кои без проблем може да ги правите секој ден Не е тајна дека она што го давате тоа и го добивате. Добри работи им се случуваа...
Како е да бидеш онаа која е изневерена, наместо онаа со која изневерув... Понекогаш во животот нема потреба да ги сфаќаш работите, ниту да се обидуваш да ...