Исповед на Македонка: „Докторката ми рече почекај, само да ја направиме салатата и ќе те прегледам“

„Докторите во мојот град се елита што летува на француското крајбрежје, но кога станува збор за односот со пациентите немаат основна култура.“

ispoved-na-makedonka-doktorkata-mi-kaza-pochekaj-samo-da-ja-dopravime-salatata-i-kje-te-pregledam-01.jpg

Една пријателка од студентските денови вчера ми раскажа трагикомична ситуација. Почна да ми се исповеда дека во последно време глава не може да крене со здравјето, а дека секоја посета на доктор прави да се чувствува уште полошо.

„Постојано сум по доктори, ти посакувам да си немаш работа со нив. Да, живеам во мал град во Македонија, но тоа не значи дека ние не заслужуваме соодветна докторска грижа. Плус, и не сме толку малку луѓе кога ќе се собере со околината.

Одам пред некој ден на доктор, исцрпена крајно и докторката ми вели оди до аптеката купи си инфузија, а јас да ја доправам салатата и ќе те прегледам на раат. Мене нозе не ме држат. Како тоа сама да си купам инфузија, а имам бесплатно здравство? Зарем нејзе ѝ дојде до салата и појадок додека мене нозе не ме држат и може да се онесвестам во секој миг?

И го преживеав некако тоа. И да, немаме ниту гинеколог што може да ве породи, па кога бев трудна морав да си „планирам и предвидам“ кога ќе се породам затоа што требаше да патувам 50 километри до соодветна установа во друг град.

Инаку пред тоа кога се сомневав дека сум бремена, појдов на преглед во мојот град. И се покажа дека бев бремена. Ситуацијата ме фати неподготвена и не бев сè уште во брак,  што е жив срам за во место како моето.

Кога мојот доктор, кој положил заклетва за коректен однос кон пациентите, на жената што била на преглед по мене, пријателка на мојата свекрва, со цел памет ѝ кажал дека сум бремена. Па, така радиомилева систем и мојата свекрва знаеше дека сум бремена пред јас официјално да појдам и да ја известам, можеби дури и пред да го известам својот партнер.

И ужасно се чувствувам нормално. Инаку, и јас кога одам кај нашите префинети доктори, кои летуваат на француското крајбрежје и домовите им се преполни со скапи уметнички дела, а немаат никакви манири и ниво, секогаш добивам сочни детали кои не сакам да ги слушнам. Сами почнуваат да ми раскажуваат за инфекцијата на таа и таа, па за болеста на тој и тој и дури со име презиме и адреса на живеење ми ги кажуваат луѓето. Како така интимата на своите пациенти им ја сеете наоколу? Навистина не разбирам.

Ситуацијата беше уште позабавна кога мојот внук падна од лулашка, скрши нога и течеше крв на сите страни. Пребледени и преплашени трчавме кон болницата. Но, таму немало хирург на располагање. Тој сега станал директор и немал време за операции.

Па, така со дете што вреска и трпи неподносливи болки патувавме до друг град. И му благодарам на Бога внук ми сега е одлично, но со што тоа мало невино суштество заслужи да трпи ваква тортура со часови? Како може нашето здравство да биде толку нефункционално, па дури и немилосрдно?

Психијатрите те испраќаат во црква, докторите препишуваат силни дози апчиња без некаква одговорност, хирурзите станаа административни работници и не сакам да зборувам понатаму. Само знам дека сум очајна и разочарана од здравствените услуги во нашиот град. Кога одам во болница болна, чувствувам како да се враќам уште поболна дома и полна со фрустрација во себе.

Се надевам некој ќе го чуе мојот апел и работите конечно ќе се придвижат во позитивна насока.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg