Кога ќе сфатиш дека некој може да го немаш, се освестуваш колку го сакаш!

koga-kje-sfatish-deka-nekoj-mozhe-da-go-nemash-se-osvestuvash-kolku-go-sakash-01.png

Кога ќе сфатиш дека некој може да го немаш,

сфаќаш колку многу сакаш да го имаш.

Сфаќаш дека животот не би бил ист без него,

дека тоа би бил живот по животот.

И повеќе ништо нема да биде исто...

Сфаќаш дека си го земал здраво за готово неговото присуство,

без да си свесен дека половина душа би ти заминала со него.

Како со канџи да ти го корне срцето боли

кога само на миг помислуваш дека може да го немаш некогаш.

А верувај ненадејно како гром од ведро небо може да испадне да немаш некого што го сакаш најмногу!

Затоа гушкај силно,

кажувај колку го сакаш,

прави сè за да му го олесниш животот,

слави го секое негово дело,

минувај време со него,

кажи му дека тој е виновен за денес да бидеш тоа што си,

кажи ми дека неговото постоење ти е животна енергија,

дека со сите ти е убаво ама со него најубаво,

дека човек како него е реткост,

дека толку многу е добар што е нереално,

дека толку многу заслужува љубов што е неописливо.

И не го пуштај,

не го пуштај од прегратка...

Многу боли кога ќе сфатиш дека некој може да го немаш,

а го сакаш од дното на срцето.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg