Лекции кои ги научивме возрасни, а требаше да ги знаеме уште како тинејџери

Целиот живот е еден долг учебник со многу лекции, дефиниции, теореми и формули кои треба да ги научиме, за да можеме успешно да го совладаме.

lekcii-koi-gi-nauchivme-vozrasni-a-trebashe-da-gi-znaeme-ushte-kako-tinejdzheri-01.jpg

Во секоја етапа од животот учиме нешто ново, но понекогаш се случува некоја лекција да ја пропуштиме или да ја научиме подоцна.

Ова се неколку такви примери:

1. Напорната работа нема секогаш да резултира со сигурен успех. Можете да бидете и најдобри и пак да изгубите. Едноставно, некои нешта се такви.

2. Не отфрлајте студии затоа што мислите дека не се перспективни и не се одлучувајте да студирате нешто што не го сакате затоа што е барано. Сигурно ќе имате шанса да го искористите тоа.

3. Никогаш не се трудете да ја дознаете вистината за минатото на некој кој сте го запознале. Исто како што и вие не би сакале таа истата личност да копа по вашето минато и да влече делови кои и самите сакате да ги заборавите.

lekcii-koi-gi-nauchivme-vozrasni-a-trebashe-da-gi-znaeme-ushte-kako-tinejdzheri-02.jpg

4. Најголем предизвик е да бидете нормални во свет кој е преполн со драма и несигурност.

5. Спознавањето на себе може да биде доживотен процес, затоа и не треба да се фрустрирате ако и на 20-и-нешто години не знаете што точно сакате од себе и од животот.

6. Вие сте тие кои треба да ја изберете љубовта. Ако сте личност која знае да сака без да бара да ѝ возвратат со иста мерка, вие веќе сте го поминале поголемиот дел од оваа животна лекција. Кога некој вистински ќе ве сака, вие ќе бидете свесни за тоа. Но, дотогаш, ќе се соочите со многу погрешни избори, кои ќе ве направат да бидете уникатна личност вредна за сакање.

7. Ако не уживате во она што сте сега, нема да уживате ни во личноста која ќе станете во иднина. Иако ви се чини дека кога ќе пораснете автоматски ќе бидете поспособни да решите сè, всушност, тогаш е уште потешко.

lekcii-koi-gi-nauchivme-vozrasni-a-trebashe-da-gi-znaeme-ushte-kako-tinejdzheri-03.jpg

8. Човечки е да се згреши, дури и да се урне сè што сте граделе. Самообвинувањето нема да ви помогне. Не си правете самите дополнителен притисок, во време кога никој нема да ве поштеди.

9. Кога се обидувате да ги уверите другите дека сте некој и нешто, тоа се случува во момент кога најмалку сте тоа. Смешните луѓе не треба да кажуваат дека се смешни. Тие едноставно се.

10. Средношколските години не се најубавите во вашиот живот, ниту осумте од основно, ниту пак студиите. Секој период од вашиот живот е прекрасен на начин што е соодветен и за возраста и за околностите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg