Забрануваме кучиња во автобуси! - А вас простите и злобните кога ќе ве забранат?

Кутра, жална Македонијо. Тропала пред портите на ЕУ, спремна да му се придружи на модерниот и цивилизиран свет. Каква смешка.

Zabranuvame-kucinja-vo-avtobusite-01.jpg

По веста дека лица со кучиња придружници ќе може да се возат во автобусите на јавниот сообраќаен сервис половина од луѓето доживеаа експлозија во главите. И оние малку мозочни клетки со кои функционираа очигледно ги изгубија засекогаш.

Еден од главните проблеми на денешницата е што прво не ги дочитувате работите целосно и до крај. Второ, дури и кога ќе ги прочитате, станува јасно дека не ги разбирате. Наместо да се потрудите да ги разберете и да се едуцирате малку на одредени теми, вие веднаш напаѓате со толку погани јазици што човек просто страв да го фати.

Стравот не е единствената емоција која ве опишува. Подвижен срам и ужас сте. Фасцинантно е како на толку малку km2 живее толку изопачен и злобен народ. Дали преживувате од кафе и злоба?

Лавина од непристојни, подли, злобни и негативни коментари. Како тоа сега кучиња ќе се возеле во автобусите? Што било следно – да се возат кози, кокошки, пајаци и змии? И тие биле животинки и миленичиња. Па како тоа малите принцови и принцези на денешницата ќе го делеле истиот воздух во автобусот со некое со гнасно куче? Ќе фателе инфекции и болести, кучињата имале бактерии и болви.

О, непросветени душички. Тие кучиња се обучени и дресирани толку многу, што со право може да констатираме дека имаат повеќе школо од вас. За емоционална интелигенција не станува ниту збор, „ве шијат“ на темата. А за степенот на хигена и чистота нема потреба воопшто да се коментира. Сериозно, за народ за којшто најобичниот сапун и вода се сè уште неоткриени мистерии, смешно е да се зборува дали и колку кучињата биле гнасни и нечисти.

Ставете се за момент во кожата на луѓето со посебни потреби кои зависат од нив.

Кучињата придружници се нивните очи, уши и нозе. Во оваа држава во којашто толку многу им е отежнат животот на овие маргинализирани лица одеднаш одекнува една ваква вест и наместо да ја славиме и да се гордееме што конечно заличуваме на нормален свет, вие просто не знаете како да ја искажете сета своја глупавост, простотилак и злоба.

Нема ден а да не се зачудам на менталниот склоп на овој народ. Криминалот не ви смета. Ѓубрето не ви смета. Воздухот не ви смета. Старите раскантани автобуси кои доцнат не ви сметаат. Невоспитаните луѓе кои се буткаат во нив не ви сметаат. Тие што јадат хамбургери во нив, си сечат нокти, разнесуваат гајби и ги демолираат автобусите не ви сметаат. Теа + Крсто во срце засекогаш свежо начкрабани со фломастер во автобусот, исто така, не ви сметаат.

Небањатите не ви сметаат. Тие што си љубат кромитче и лукче „за здравје и долг животен век“ не ви сметаат. Распекмезени дечишта со нула воспитување кои се дерат како да ги коле недај боже некој не ви сметаат. Разџавкани тетки на мобилните телефони кои се слушаат од Ново Лисиче до Ѓорче не ви сметаат.

Е, ама кучињата придружници ви сметаат! Извинете господа со свилени ракавички. Не ве препознав од големото добро утро со такви кралски манири, изгледа ве помешав со некој друг што ’ркна на тротоарот и си го исекна носот кој го избриша со ракавот, додека се бутка во луѓето и грубо се дере како држава не чинела за ништо, да сме виделе ние што е Германија и Швајцарија.

Не си видел ни ти братко. Да си видел, ќе знаеше подобро. Таа кутра намачена душа со кучето придружник е слепа, но ти си ќорав за сите пари на светот. И нема да ги отвориш никогаш очите, вечно ќе си замижан со душа-црнила, стегнато срце и мало мозоче кое не го употребуваш.

Едно од ретките убави нешта на денешницава е што информациите се толку лесно достапни, те дели само едно притискање на копчето и неколку секунди да се едуцираш и да започнеш да размислуваш за промена.

Па наместо да си го трошиш времето на глупави луѓе и вести, конечно истражи нешто паметно. И не возвраќај со ниски удари, подли недолични коментари и ароганција кога си кажал нешто непромислено и простачко. Не удирај упорно со главата во ѕид, туку чукни си ја сосема малку и започни да ја употребуваш.

Сепак, главата не е само да виси на рамениците и за правење фризури.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg