Силни на зборови, слаби на дела - Човекот е убав само онолку колку што му е убава душата

Има убави луѓе. И не, не зборувам за надворешната убавина. Толку мили, облеани со некој сончев зрак светлина што додека ти зборуваат мислиш и тебе те грее некоја топлина, некоја чудесна светлина.

Covekot-e-ubav-kolku-sto-mu-e-ubava-dushata-01.jpg

Толку добри и пожртвувани, што срцето ти игра од радост. Таквите ќе дојдат и да им заѕвониш во 2 по полноќ доколку ти се потреби. Таквите луѓе се радуваат за секој твој успех како за свој. Те охрабруваат, несебично ти ја нудат својата поддршка. Те мотивираат и веруваат во тебе дури и кога ти самиот си ја изгубил вербата во себе.

Ваквите убави луѓе се најчесто насмеани, дури и кога во срцето им беснее темна бура. Внимателни се, нивното воспитување не им дозволува да кажат непромислени зборови или да те навредат. Дури и кога ретко го прават тоа, веднаш се извинуваат. Едноставно немаш срце да не им простиш. Несебични се, ќе ти ги дадат и последните 100 денари од џебот доколку итно ти се потребни.

Не калкулираат, не прават пресметки, не мерат на кантар кој колку дал или зел. Несебично се вложуваат во пријателството, иако ретко го добиваат истото за возврат. Најчесто се ранливи, најчесто плачат. Но, не се откажуваат од луѓето, од пријателите. Убавата душа е нешто што не старее. Не е како лицето или телото, не е шминка, не е фасада. Убавата душа е највредното нешто што може да го има човекот.

И кога ќе пронајдете некој ваков покрај себе, да го чувате по секоја цена како мал скапоцен камен помеѓу дланките, не дозволувајќи да ви се лизне од прстите или да го изгубите засекогаш. Бидејќи се ретки, навистина ретки, токму како скапоцени камчиња.

А има и луѓе сосема обратни од првиве. За нив животот е натпревар, а тие мора да се победниците, секогаш и во сè први. Тие не може да се стрпат и да почекаат некој друг да ги пофали, самите го прават тоа.

Усти фалбаџиски, силни на зборови, слаби на дела. Со напумпано его покрај кое нема место за ниту еден друг човек. Ваквите саможивници се токсични. Сеат сомнеж дека не си доволно вреден, дека нема да ти се случи ништо убаво… постојано ти ги истакнуваат грешките и мааните. Ти се потсмеваат кога не си во нивното присуство.

Пред тебе ја цртаат најголемата насмевка, небаре ти се најголемите пријатели. Зад тебе те озборуваат и често пати шират лаги, се ситат на туѓиот неуспех, се радуваат на нечија несреќа.

Лицемерни се, завидливи, срцето им е исполнето горчина и злоба. Ништо не ги радува вистински. Им се чудат на другите што му се радуваат на животот. Пакосни и љубоморни, секогаш во „гужви“, никогаш достапни кога ти се потребни.

Од ваквите да бегаш. Од ваквите што немаат душа, камен наместо срце. Кај ваквите сета убавина е излишна, кога душата е гнила.

Затоа што човекот е убав само онолку колку што му е убава душата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg