Не прави планови за подолго од 2 часа, имај свои луѓе и чувај ги и запамти - ништо не мораш!

Не прави планови за подолго од два часа. Правењето планови ми зема речиси 3 години од животот, бидејќи се нервирав за работи кои никогаш не се случуваа, кои со текот на времето и сама престанав да ги сакам.

ne-pravi-planovi-za-podolgo-od-dva-cata-imaj-svoi-lugje-i-cuvaj-gi-i-zapamti-nisto-ne-moras-001.jpg

Животот се менува во само неколку минути, понекогаш на најдрастичен можен начин.

Нешто ќе допреш,

Ќе добиеш отказ,

Некој близок ти страда од срце или арогантен возач,

Те заболува од десна страна, не е добро вели скенерот,

А ти си го потрошил времето, нервите, односите и СЕБЕ на планирање на нешто што би сакал да се случи, да речеме, во 2021-ва.

Тежнеј кон своите цели, работи на нив, фантазирај, но немој заради нив да ти се уништува сегашниот момент.

Имај свои луѓе и чувај ги.

Батали ги млитавите односи, односите „од што мора“ кои те трошат, исцрпуваат, ти го земаат времето, во кои се чувствуваш осамено дури и кога си во нивно присуство.

Не очекувај од другите кули и градови.

Секој нека го прави она што го може и сака. Ти не можеш тука ништо да промениш, освен себеси да се ослабиш и поделиш на половина. А, што ќе ти тоа?

Не се грижи за работите кои не можеш да ги промениш.

Не се споредувај, не се натпреварувај, не завидувај.

Пази сега, немој да бидеш многу огорчен затоа што некој кој во средно лепеше тројки, малку ја подвиткал кичмата, патувал со автобуси каде ќе му кажеле, па сега има работно место.

Немој. Ти одбра друг пат. Верувај во него. Верувај во себе. Правдата се случува, иако можеби така не ти се чини во моментов, но ќе пристигне. И верувај ми, секогаш ќе биде на твоја страна.

Имај свои рамки на вредности, важно е ти да знаеш за тебе што е добар маж, добра жена, добар брак, почитување, љубов, неверство, лага, амбиција, добро воспитување и растење на дете...

Луѓето ни наметнуваат толку многу, што лошите бракови за нив се добри, мажот кој изневерува честопати е херој на семејството... не треба тоа да те допира, сè додека имаш брак кој по твои стандарди е нормален и среќен.

Не дозволувај друштвото да ти дефинира што е посакувано и добро. Друштвото ти е малку изгубено моментално.

Секоја вечер напиши 5 работи за кои денес си бил задоволен, растеретен, горд, ведар, полетен!

За 10-тина дена пример, ќе имаш црно на бело што те прави среќен. Би било глупаво после такво сознание, работите од листата да не ти станат секојдневие.

Не морам!

Не си создавај притисок со „морање.“ Мора само да се умре, иако и тоа не е строго зацртано. Остануваме да живееме низ добрите дела и работи кои сме ги направиле.

Јас секогаш „морав“ да ја исчистам куќата пред да направам нешто по мој избор. Морав да го средам нередот дома, пред да си го средам нередот во глава. Детето мораше да биде без ниту една капка храна на него, за мирно да можев да отидам до тоалет.

Не сакам во последно време да слушам што морам. Не морам.

Пред спиење – читај книги.

Главата и стомакот навечер мора да си легнат растеретени.

Се смееш – здрав си!

Фантазирај, замисли си убав живот во кој си весел, здрав, се смееш, патуваш, имаш пријатели.

Не зборувај негативно, не предвидувај што ќе кажат бабите, не мрмори...

Психата е чудо. Лесно те уверува дека си болен.

Не драми, прегледај се!

Не биди груб со себе!

Бодри се себеси, сакај се себеси, разбери се, прости си, подигни се, милувај се и дај си шанса за среќно сега!

Извор

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg