Пола држава сме „травел блогери“, „травелери“ и „инфлуенсери“

Господ да ги поживее субвенциите зa ниско буџетни летови во државава. Се надевам им палите свеќа секој ден на оние кои одлучиле за истите.

pola-drzhava-sme-travel-blogeri-traveleri-i-influenseri-01.jpg

Ставила во опис „traveller“ и ред емотикони со авиони, возови, автомобил, падобран. Ставил во опис „травел инфлуенсер“. Кој нормален става во опис на Инстаграм дека е инфлуенсер? Сам ли си се прогласил? Па нели ако си инфлуенсер ќе те препознаат по секако?

Не знам како и во кој свет живеат овие нашиве самопрогласени травелери. Да, ретки се оние луѓе кои не сакаат да патуваат, но верувајте дека за да бидете „травелер“ не е само да отпатувате 3 пати во годината.

Била во Пефкохори на одмор и се сликала во Pearl во бел фустан потпрена на ограда. Отишла до Солун на шопинг и се сликала со чадорите на кејот. Бил на семинар во Белград и јадел во Мама Шелтер. Отишол до Братислава на момачко и се сликал со бронзените скулптури. И така некако, стануваш травелер во земјава.

Не мрднал подалеку од Европава, летал најдалеку до Кипар, се сликала кај Дуомото во Милано ама битно е патувачка. Сè на сè посетиле 6 земји во животот.

Не, драги самопрогласени патувачи, травелери, инфлуенсери или како и да се нарекувате. Не ве прави ова експерти за патување.

Во светот постојат мал милион луѓе кои продаваат сѐ и одат низ светот. Со цели фамилии. Со ништо зад себе. Луѓе кои жртвуваат и работа и пари и фамилија за да се посветат на патувањето. Луѓе кои денес се во Оман, утре во Шпанија, задутре на Монт Еверест, следната недела во Австралија.

Ако баш ве интересира дефиницијата за „Травелер“ – човек кој постојано патува од едно до друго место. Патувачи се луѓе кои со години не се враќаат дома. Вие драги мои сте туристи. Шетачи.

Ако сте ставиле глобус лампа во собата и сте се сликале за Инстаграм, не сте патувачи.

Ако имате футрола за пасошот со налепница “Not all those who wander are lost”, не сте патувачи.

Патувањето е многу повеќе од посета на „исфураните“ туристички дестинации како Венеција, Будимпешта, Париз, Виена.

Патувањето е многу повеќе од сместување во хотел со поглед за слика на Инстаграм и од сликање пица и вино на плоштад во Италија.

Или си патувач во срцето, или не си.

Доста веќе со овој шминкерај што се продава во државава.

Па уште кога ќе почнат со сториња од типот:

„За сите оние кои ме прашавте од кај ми се чизмите што ги сликав на аеродром до лентата за багаж“

„Многу од вас ме прашаа со што ја миев косата додека бев во Копенхаген“

„Многу од вас ме прашаа како ми издржа римелот на двата саата лет до Малта“

„Знам дека ве интересираше со што се бричев додека бев на прв крак“.

Патувачкото искуство започнува во оној момент кога сфаќате дека нема да се вратите дома подолг период.

Вистинските патувачи не знаат каде ќе се утре. Не знаат дали ќе најдат сместување кога ќе стигнат на дестинацијата. Не знаат на колку места биле кога ќе им ја отвориш мапата. Јадат локална храна. Не се сликаат во McDonald's во Грција.

Не се самопрогласуваат дека се травелери. Доволно е да ги отворите нивните профили на социјалните мрежи и ќе ви биде јасно сè.

Ако баш сакате да бидете вистински „травел блогер“, станете член на некоја од овие групи и фатете се за работа - имате многу да научите:

Digital Nomads Around the World  

Girls Love Travel 

Bloggers And Travels

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg