Мислевме дека ќе имаме летечки возила во 2020, ние се учиме како правилно да миеме раце

Чуден некој народ сме ние Македонците. Прво побаравме да се затворат градинките и училиштата по примерот на Албанија. И се донесе токму таков заклучок. Потоа панично реагиравме – а кој ќе ни ги чува децата?

Se-ucime-kako-pravilno-da-mieme-race-01.jpg

Па се донесе одлука еден од родителите да добие платено отсуство во рок од 14 дена доколку навистина нема кој да го чува детето дома. За да на крајот слушнам и прочитам стотици коментари од типот – леле, аман, што ќе правам затворена со децата дома цели 2 недели?

Истите деца за кои тврдите дека не излегуваат од собата, не го тргаат погледот од пред компјутерот, таблетот и мобилниот, децата кои се зависни од интернет и видеоигри, сега одеднаш имате проблем да ги анимирате и да ги задржите 14 дена дома?

Никој не го советува ова од инает. Едноставно е – за нивно, за наше, за сечие добро. Вирусот се шири со рапидна брзина, а Италија е најтемната страна од оваа хорор-приказна. Настаните кои се случуваат секојдневно нè уверуваат дека работата е мошне сериозна и дека далеку поорганизирани и помоќни држави потклекнуваат пред корона вирусот.

Тоа што преземавме мерки предвреме значи дека некој размислува стратешки и мошне добро. И треба да бидеме благодарни и да ги следиме препораките.

Наместо тоа, кафулињата беа преполни. Вриеше од млади луѓе на „кафе шема“ и дечиња низ парковите. Зошто упорно си одиме самите против себе? Толку ли е тешко да отседите 2 недели дома? Толку ли многу сме се оддалечиле самите од себеси и своите за да не можеме да издржиме покрај ваков смртоносен ризик кој ни се заканува?

Да, тешко е. Може да биде излудувачко, јасно ми е. Но уште потешко е доколку заболите од вирусот. И доколку сте млади и витални, огромна е веројатноста дека ќе го преживеете.

Но, доколку заболите некој постар човек, некој со автоимуно заболување, респираторни проблеми, малигни или срцеви заболувања, зарем би можеле да живеете сами со себе и помислата дека сте виновни за нечија смрт?

Сега е времето да покажеме дека сме луѓе. Се учиме како мали деца, сосема од почеток, како правилно и често да ги миеме рацете, како да не си го допираме лицето, носот, очите… како да останеме во изолација за свое и сечие добро.

И повторно има себични, неодговорни луѓе на кои побитно им е кафето во кафулето, ручекот во кафана, роденденот во игротека… дали сакате вашата сопствена несериозност да ја плати цената за десет пати повеќе луѓе од вас?

Затоа, да ги следиме препораките. Да останеме дома. Доколку мора да излеземе за да одиме на работа, да го ограничиме движењето и контактот со другите луѓе. Друг пат ќе испиеме кафе на сонце. Друг пат ќе се бакнеме и силно ќе се гушнеме. Друг пат ќе прославиме роденден.

Ќе помине, што не поминало… но само доколку сме сплотени и човечни ќе преживееме за да ги направите сите овие работи што ги набројавме претходно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg