„Без паника, доаѓа ново време, после сонцето потопло ќе грее – Останете дома, Планетата Земја се реновира“

Во нашата земја е воведена вонредна состојба во наредните 30 дена, и додека некои паничат, други ја сфатија поентата на случувањата во светот - време е планетата Земја малку да здивне од нас, а за тоа време ние да ги научиме вистинските вредности и работите да продолжат потоа да се одвиваат нормално. 

Fotbez-panika-doagja-novo-vreme-posle-sonceto-potoplo-kje-gree-ostanete-doma-planetata-zemja-se-renovira-01oJet.jpg

Додека другите се нервозни и загрижени, Фејсбук статусот на писателката Марија Лозаноска влева надеж и смиреност, а нејзината порака вирално се шири низ социјалните мрежи. 

Прочитајте што има таа да каже:

Вонредна состојба во Македонија.
Еден месец.
Без грижа.
Ќе објаснам...

Ја чувствувам негативната енергија насекаде, посебно низ празните улици на Скопје и затворените локали/продавници. Не дека е погрешно, туку не сум го видела такво. Со штама. Метропола не ја личи таква. И не е тоа негативната енергија од празните улици, туку од паниката на затворените луѓе. Премногу страв на едно место дури и преку затворени врати.

Драги мои, доаѓа новото време, да останеме мирни. Ќе се навикнеме и на ова, ќе помине. Треба сега повеќе од кога и да е да бидеме посвесни, попаметни, поодлучни. Ова е време кога човекот учи лекција.

Знаете кое време доаѓа? Тоа поубавото. Секогаш треба да е полошо пред да биде подобро. Не можам да замислам тогаш колкава убавина ќе биде!

Моравме да успориме. Се тркавме со времето и со луѓето. Кој каде отпатувал. Кој колку потрошил. Кој каде бил.
Сега сме сите исто. Затворени, исплашени за здравјето и иднината. Нема каде да се трошат парите. Нема повеќе слики по социјалните мрежи кој каде сме биле. Ќе чепкаме само по спомени.
Одморете. Од луксуз, фалба, алчност.
Ова ќе нè врати многу векови наназад.
Кога ретко патувале, кога многу не имале.
Само еден со друг.

Без грижа, драги мои. Знаете што ќе се случи кога ќе излеземе надвор? Поголемо почитување! Тревата ќе биде позелена, воздухот почист, реките побистри, дивите животни повесели. Ние повеќе ќе се цениме.
Затоа што не знаевме што имаме.
За жал или за среќа гледам дека и политичарите се сложни. Исплашени се. Сите. Јас сум човек што не верува во заговори, гледам луѓето колку се здрави, живи, ментално способни, среќни. Таа слика ми покажува многу повеќе.
Како уметник и писател, секогаш ја гледам уметноста во страдањето. Секогаш си велам што добро може да се извлече од ова. На Земјата ѝ требаше мир, а ние да видиме до каде сме со животот. Секогаш немавме време да видиме што сме направиле од нашите животи. Сега имаме и ќе излеземе многу посилни.

Драги мои, Универзумот нè подготвува за подоброто време, затоа и почна новата декада. Премногу си наштетивме и премногу на околината ѝ наштетивме.
Ќе помине и ова.
А, ќе испливаат од ова и ќе нè водат токму најсилните.
Без паника, драги мои.
После ова сонцето потопло ќе нè грее.
Парите се заработуваат.
Само тишината не се купува.
Останете дома.
Планетата Земја се реновира.

Вонредна состојба во Македонија. Еден месец. Без грижа. Ќе објаснам... Ја чувствувам негативната енергија насекаде,...

Posted by Marija Lozanoska on Wednesday, March 18, 2020

Фото: Фејсбук

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg