За пријателот за кого сум станувал во 3 по полноќ, а пред некој ден „не ме позна“ на улица
фото: pixabay.com
За пријателот за кого ќе си го дадев животот…
За пријателот со кого делевме перница и чинија војнички грав.
За пријателот кому му позајмив пари и фармерки да отиде на првиот состанок.
За пријателот кому му станав кум само 6 месеци после претходниот настан.
За пријателот што сум го сакал повеќе од родениот брат.
За пријателот за кого сум станувал во 3 по полноќ.
За пријателот за кого би одел бос по трње и снег и бос по жежок камен и оган.
За пријателот за кого трчав и ги оставав сите други, дури и најблиските од семејството.
За пријателот кому му ги позајмив последните пари за да започне сопствен бизнис, затоа што верував во него.
За пријателот кој почна да не го гледа и да не го слуша телефонот кога му ѕвонев јас.
За пријателот кој „заборави“ да ме покани на матурата на неговиот син.
За пријателот кој не успеа да најде 10 минути и да испие едно кафе со мене после толку многу години „пријателство“.
За пријателот кој пред некој ден ме виде на улица и ми го избегна погледот, вртејќи се на другата страна.
За пријателот кој бесрамно избега, како јас да сум му најголемиот непријател.
За пријателот кој ме разочара…
На здравје, пријателе. Нека ни се слават годините во коишто другарувавме. Верувам дека сите имате по некој ваков.
И верувам и дека не сте си ја научиле лекцијата. Затоа што слично како и јас, како будала ќе потрчате кај него по првиот повик за помош.
Но, вреди ли? Дали нè заслужуваат ваквите „пријатели“?
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





