Поучна приказна: „Тешко е да поверувате дека Бог постои кога на светот има толку многу зло“

Tesko-e-da-poveruvate-dek-Bog-postoi-01.jpg

Еднаш некој човек отишол на бербер за да ја скрати косата и брадата. Кога берберот почнал да ја врши својата работа, започнале да разговараат на многу различни теми. Кога во еден момент стигнала на ред темата за Бог, берберот рекол: „Јас не верувам дека Бог постои.

„Зошто мислите така“, прашал човекот?

„Па само треба да излезете на улица за да сфатите дека Бог не постои. Кажете ми, ако Бог постои, зошто има толку многу болни луѓе на светот? Зошто има напуштени деца? Ако Бог постои, не би имало ниту болка ниту страдање. Не можам да замислам милостив Бог кој би ги дозволил сите овие работи“.

Човекот се замислил за момент, но не одговорил ништо, затоа што не сакал да влегува во расправија. Кога берберот ја завршил својата работа, човекот си отишол од салонот. Но, само што излегол на улицата здогледал друг човек, со долга, леплива коса и запуштена и неуредна брада. Изгледал запуштено и валкано.

Човекот во тој момент се свртел назад и се вратил во берберницата, велејќи му на берберот: „Знаете што? Берберите не постојат!“

„Како можете да го кажете тоа?“, изненаден прашал берберот. „Јас сум овде и сум бербер. Досега ве шишав и средував“.

„Не!“, извикал човекот. „Берберите не постојат, затоа што да постоеја, по улицата не би шетале луѓе со долги коси и неуредни бради каков што е овој човек надвор“.

„Ах, ама постојат бербери. Тоа се случува само кога луѓето не доаѓаат кај нив“.

„Да, прекрасно го кажавте тоа“, рекол насмеано човекот и си продолжил со својот ден.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg