Им ги сечевме косите на барбиките, мислејќи дека ќе пораснат – Работи кои сите ги правевме како деца
Се сеќавате кога сé што посакувавте можевте да нацртате со еден шарен фломастер и да си замислувате дека го имате? Тоа е убавината на детската искреност и наивност.

Сега, со голема доза на носталгија, низ илустрации се сеќаваме на забавните работи кои ги правевме како деца, а веројатно ќе се пронајдете во повеќето од нив:
Правевме дупчиња во гумите со моливот.

Се качувавме обратно по лизгалките.

Со удирање го поправавме телевизорот.

Си цртавме накит и часовници по рацете.

Ги лупевме листовите, и самите без да знаеме зошто.

Бришевме со синиот дел од гумата, додека не го дупнеме листот.

Ги шишавме барбиките и куклите, со надеж дека косата ќе им порасне.

Ги двоевме колачињата од кремот и ги јадевме „на рати.“

Најголема желба ни беше да ги дупнеме пакувањата со сокови во продавницата, додека чекаме.

Си ја превртувавме косата врз лицето, стававме очила за сонце и се смеевме до бесконечност.

Трчавме колку што можеме побрзо откако ќе изгаснеме светло, за чудовиштето да не нé фати.

Пластичните чашки не остануваа цели подолго од 5 минути.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа...
„Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“
Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи
Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје
Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“
„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Ретро носталгија: Се сеќавате ли кога во дневни весници читавме најава што ќе има на ТВ програмата?
Ах, порано кога времињата беа поедноставни, сè беше некако помагично, зарем не? ...
