Се спремаме ли за уште еден 8 Март со собирање по 500 денари од дете за учителките?

„Леле учителке, наша Евгенија колку многу ве сака! Само за вас зборува, пред некој ден ми кажа како учителката ја сака најмногу, па дури после јас. Ние веќе ја купивме вежбанката за трето (Евгенија е патем второ одделение) и ја решивме целата збирка. И Евгенија покрај групниот подарок многу сакаше да ви ги подари овие Сваровски обетки, да си ги носите спомен од неа. Ете така, леле – прекрасно ви стојат. А Евгенија ќе биде главна во завршната претстава на крајот од годината, нели?“

Se-spremame-li-za-uste-eden-tazen-8-Mart-01.jpg

Ќе биде. Воопшто да не се грижиш – Евгенија не само што ќе ја има главната улога во претставата туку ќе ги има и сите петки, иако можеби заслужува четворки, тројчиња, па дури и некое двојче.

Со вашето улизување и (не)скриено подмитување преку секакви подароци и услуги, вие им правите таква неопислива штета на децата, што утре ќе се убедени дека освен што се најубави, најспособни и најпаметни, дека се над сите други и смеат да газат врз нив.

И најстрашното – дека со грст подароци може да купат сè што ќе посакаат, вклучувајќи го и образованието и наклоноста на сите околу нив.

На Евгенија и на многу други деца им го поплочувате патот со „добри намери“, ама бекатонките ви се гнили, расклатени, брзо црвосуваат и се распаѓаат.

Нема аир од вашето улизување на долги патеки. Ама засега мислите дека сте на добра мисија, а всушност го претставувате сè она што е погрешно и гнило во општеството.

На прагот сме на уште еден 8 Март за кој се превозбудувате што ќе ѝ се купи на учителката, професорката, класната.

Фрчат скапи брендирани чанти, ваучери за спа масажи и релаксација, луксузни третмани за лице, часовници, накит.

Што се случи со обичниот каранфил? И тој се погреба заедно со скромноста и доблеста. Овена каранфилот како што овена нашиот мозок и здравото расудување.

„Па дали е многу 500 денари од дете за подарок за нашата сакана учителка?“ е пораката којашто гласи во Вибер групата на фрустрирани родители што сакаат по којзнае кој пат да ја покажат својата куповна моќ и егото со големина на нуклеарка.

Се разбира, и некое подароче е во ред, за да им се оддадете почит на жените кои помагаат нашите деца да израснат во квалитетни и образувани личности, но тоа да биде со скромна сума, затоа што не секое детенце може да си дозволи, односно не секој родител има 500 денари за да му даде на своето детенце за подарок на учителката.

Родителите се виновни за оваа масовна хистерија по повод 8 Март. Просветните работници понекогаш исто така имаат некаков удел во вината. Зошто воопшто се прифаќаат ваквите подароци?

Пред неколку денови прочитав порака од наставничка која замолува да не се собираат пари по повод 8 Март и дека нема да прифати никакви подароци, освен рачно изработени честитки од децата или некој скромен цвет. Доколку родителите инсистираат на парични средства, таа советува истите да се донираат во хуманитарни цели. 

Која и да си, ти наставничке си нашата искра надеж за овој 8 Март. И твоите ученици се среќни деца. Нека ти е честит 8 Март.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg