Ретро сеќавање на „Кое е твоето ЦД?“ со Александар Блажевски: „Имаше една најредовна гледачка – бираше прво купче прво ЦД“

 „Во мојата телевизиска кариера сум водел многу проекти, но факт е дека препознатливо лице станав токму од квизовите на А1. Со „Кое е твоето ЦД?“ израснаа многу генерации и некако ми е драго што еве се уште се сеќаваме и враќаме на него“, споделува македонскиот ТВ водител Александар Блажевски за CRNOBELO.com.

retro-sekjavanje-na-koe-e-tvoeto-cd-so-aleksandar-blazevski-01.jpg

Александар Блажевски, еден од најпознатите македонски ТВ водители, веќе две децении е секојдневно присутен на телевизиските екрани.

Вели дека од кога памети е пред камери и микрофони. Во својата богата професионална кариера има десетина успешни ТВ проекти зад кои го става својот потпис како автор, а овојпат се потсетуваме на еден ретро проект, кој многумина можеби и го подзаборавиле. 

За CRNOBELO.com Александар накратко се потсетува на „Кое е твоето ЦД?“, квиз кој се емитуваше на А1 телевизија на почетокот од 2000-ите години...

Раскажи ни нешто за „Кое е твоето ЦД“?

Кое е твоето ЦД? Еден од првите интерактивни квизови и мој прв ангажман на А1 Телевизија... неверојатна популарност и гледаност.

Одеше секој ден од понеделник до петок пред централниот Дневник, во 2002 година. Во суштина за само неколку дена беше најгледана содржина во текот на денот.

Денес не мора да чекаш ЦД, денес можеш да гледаш кога сакаш, што сакаш, колку сакаш... да снимаш, да премотуваш, па секојдневните квизови од тој тип се права реткост...

retro-sekjavanje-na-koe-e-tvoeto-cd-so-aleksandar-blazevski-03.jpg

Кога ќе се спомене „Кое е твоето ЦД?“ на кои интересни моменти се сеќаваш?

Прво на што ми текнува дека имаше редовни гледачи кои постојано имаа среќа да добијат линија.

Имаше една мала гледачка која постојано се јавуваше прва, и секогаш бираше прво купче прво ЦД (хахахаха)...

Наградите беа симболични ама самиот концепт беше доста интересен. Иако подоцна „Кое е твоето ЦД?“ го заменивме со „Знај и добиј“ каде што доделувавме илјадници евра, сепак шармот на ЦД-то си го направи своето...

Да не беше тој проект не знам дали јас воопшто денес и ќе се занимавав со оваа работа....

retro-sekjavanje-na-koe-e-tvoeto-cd-so-aleksandar-blazevski-02 (1).jpg

И по 20 години од првите изданија на „Кое е твоето ЦД?“ многумина сè уште се сеќаваат на овој ТВ проект. Како Блажевски гледа на неповторливиот ТВ квиз од денешна перспектива?

Носталгија... не сум човек кој се врзува претерано за еден проект. Инаку никогаш не би дошол нов и подобар.

Во мојата телевизиска кариера сум водел многу проекти, но факт е дека препознатливо лице станав токму од квизовите на А1.

Со „Кое е твоето ЦД“ израснаа многу генерации и некако ми е драго што еве сè уште се сеќаваме и враќаме на него.

Споредба со сега... денес забавата е префрлена на интернет. Особено за таа целна публика. Никако не може да се направи паралела, особено не за таков вид на проекти.

Тогаш гледачите имаа навика да гледаат квиз, серија, филм во точно определено време... дури и си купувавме весници со ТВ програма каде што ги подвлекувавме содржините што сакаме да ги гледаме...

retro-sekjavanje-na-koe-e-tvoeto-cd-so-aleksandar-blazevski-05.jpg

Во моментов Александар Блажевски е еден од водителите на утринската програма на Сител, „Ја сакам Македонија“. Покрај тоа од неодамна гледачите можат да го гледаат и во неговиот нов тв проект „Подобро здравје“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Д. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg