Драг Дедо Мраз, Ти пишувам, иако знам дека не постоиш. Одамна ја дознав вистината за тебе, можеби откако во истиот ден видов 5 различни Дедо Мразовци и одбив да се сликам со секој од нив, затоа што ја почувствував фасадата која напукнуваше зад оваа голема, шарена лага. Сепак, моето срце сака да верува во чуда, па затоа решив да ти напишам писмо, нешто што одамна не сум го направила...