Што ти е животот? Здив воздух стиснат во дланката што во еден момент ја отвораш и воздухот испарува. Те снемува. Денес те има, утре те нема. Сме се залетале сите по пари, за да можеш со нив утре да си купиш повеќе, поскапо, полуксузно. Небаре скапите партали ќе ни ги закрпат сите емоционални дупки, оние на осаменост, на тага и фрустрација...