Еден ден брчките ќе развлечат длабоки линии на твоето лице. Колената полека ќе почнат да ти откажуваат, ’рбетот ќе започне да се свиткува нанапред. Дланката ќе ти се исполни со апчиња, на поголемиот дел нема да им го знаеш името, ќе ги голташ брзо во надеж дека ќе ја излекуваат секоја твоја болка...