Што да однесете како подарок на слава?

Шише вино, нешто слатко или персонализирани уникатни подароци? Во ек се куќните слави – веројатно едни од најубавите поводи за да се видите со блиските во студените денови кои доаѓаат.

sto-da-odnesete-kako-podarok-na-slava-01_1.jpg

Велат дека „На слава не се кани“, туку откако знаете дека некој си има земено „куќна слава“, треба да помните и да го испочитувате со посета. Секако, добро би било претходно да се најавите.

Славата служи за духовно смирување и помирување со блиските.

Облечете се пригодно и кога ќе пристигнете, честитајте им на домаќините. Тие го ценат вашето присуство, и иако подароците во вакви прилики не се важни, убаво би било да не се појавите со празни раце.

Што се носи како подарок на слава? Суштината е во скромноста и не би требало да се изложите на големи трошоци.

Пригодно е да се одлучите за шише вино, нешто слатко за децата и домаќините и букет цвеќе.

Во последно време популарни се и персонализираните креативни подароци со кои можете да ги поддржите малите бизниси во земјава и да подарите нешто уникатно:

1. Вино со светецот кој го слави семејството и чоколатца

sto-da-odnesete-kako-podarok-na-slava-02_1.jpg

2. Шишиња со гравирана икона во кои може да ставите пијалак по желба ( на пример домашна ракија)

sto-da-odnesete-kako-podarok-na-slava-02.jpg

3. Свеќник со светец

sto-da-odnesete-kako-podarok-na-slava-03.jpg

4. Икона со молитва

sto-da-odnesete-kako-podarok-na-slava-04.jpg

5. Кутии со подарок

sto-da-odnesete-kako-podarok-na-slava-05.jpg

6. Персонализирани чоколатца

sto-da-odnesete-kako-podarok-na-slava-06.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg