Детали од секојдневието во Јужна Кореја што нам ни изгледаат чудно

Знаевте ли дека во Јужна Кореја подочниците се знак за убавина и жените неретко си цртаат подочници со темна сенка?

detali-od-sekojdnevieto-vo-juzhna-koreja-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-01.jpg

Животот на луѓето во Јужна Кореја е многу поразличен од нашиот.

Корејците имаат други (и многу нереални) стандарди за убавина, важат други правила кога станува збор за врски и брак, а има разлика и во други ситници од секојдневието.

Неколку детали што сигурно ќе ве изненадат:

1. Во Јужна Кореја, луѓето придаваат големо значење на туѓото мислење, дури и за физичкиот изглед. Всушност, токму поради ова, Јужна Кореја има и навистина нереални стандарди за убавина.

2. Многу жени во Јужна Кореја прават липофилинг на лицето, односно процедура во која се инјектираат масти од еден дел од телото во челото и образите. Ова е само еден од многуте стандарди за убавина што им се наметнати на жените.

detali-od-sekojdnevieto-vo-juzhna-koreja-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-02.jpg

3. Клиниките за убавина во Јужна Кореја имаат навистина необични процедури. Една од нив е позната како Снежана – процедура со која се осветлува кожата и се отстрануваат темните дамки. Жените, исто така, инјектираат филери на неочекувани места, како носот.

4. Додека ние пробуваме да се ослободиме од нив, мажите и жените во Јужна Кореја ги гледаат подочниците како знак за убавина. И, неретко си ги истакнуваат подочниците со темна сенка.

detali-od-sekojdnevieto-vo-juzhna-koreja-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-03.jpg

5. Во авионите на корејските авиокомпании има налепници со кои патниците им кажуваат на стјуардесите дали и кога да ги разбудат додека спијат.

detali-od-sekojdnevieto-vo-juzhna-koreja-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-04.jpg

6. Во Јужна Кореја многу популарни стануваат „градинките“ за кучиња каде сопствениците ги оставаат милениците додека се на работа или се зафатени во текот на денот.

7. Многу брачни парови воопшто не ги носат нивните прстени по свадбата.

detali-od-sekojdnevieto-vo-juzhna-koreja-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава