Брутално искрени причини зошто таа не сака секс

brutalno-iskreni-pricini-zosto-taa-ne-saka-seks-povekjeИако „ме боли глава“ е само лош изговор, сепак жените не одбиваат секс без причина. Налетавме на брутално искрена листа со дури 25 причини поради...


...кои жените велат не.

Дел од нив откриваат поголеми проблеми, дел се минливи ситуации и расположенија, а дел лесно би се решиле ако девојките се пресрамат и почнат да им ги кажуваат на партнерите.

Нашите коментари се во заграда, а во вашите чекаме да ни кажете дали се препознавте во нешто од наброеното.

1. Затоа што не ги изми садовите. (Одмазда?)

2. Флертуваше со келнерката и ме изнервира. (Одмазда?)

3. Се чувствувам дебело. (Виновни се сите женски списанија!)

4. Не сум туширана и не сакам да ми се приближуваш. (Се надеваме не секогаш!)

5. Мириса како да не си туширан и не сакам да ти се приближувам. (Се надеваме не секогаш!)

6. Не си ги измив забите. (Мастика не помага?)

7. Мириса како ти да не си ги измил забите. (Мастика не му помага?)

brutalno-iskreni-pricini-zosto-taa-ne-saka-seks-1

8. Не обрнуваш доволно внимание на предиграта. (Ова треба да се каже гласно.)

9. Затоа што не сакам во истата секунда кога ќе се видиме, како што ти очекуваш. (Ова треба да се каже гласно.)

10. Затоа што беше напорен цел ден и ме изнервира. (Се надеваме само тој ден.)

11. Ми се јаде. (Зошто не би му го кажале ова?)

12. Уморна сум. (Се случува да биде вистина.)

13. Ти си пијан, а јас не. (Ништо страшно, ќе му кажете кога ќе се отрезни.)

brutalno-iskreni-pricini-zosto-taa-ne-saka-seks-2

14. Не се чувствувам секси. (Ако му се каже, можеби тој ќе помогне.)

15. Воопшто не сум заинтересирана за секс. (Се надеваме само овој пат!)

16. Спиев со некој друг денеска. (Оф...)

17. Само сакам да бидам сама. (Се надеваме само сега.)

18. Денов ми беше пренапорен и просто не можам! (Во ред е и ако му го кажете тоа.)

19. Затоа што се однесуваш идиотски. (Зависи дали е таков само сега...)

20. Затоа што ме плаши колку си груб. (Ова мора да се каже!)

brutalno-iskreni-pricini-zosto-taa-ne-saka-seks-3

21. Затоа што посакувам времето што го помина играјќи игри/гледајќи ТВ да го поминеше со мене. (Кажете си.)

22. Затоа што знам дека не сакаш во позата што ја сакам, а ме мрзи да објаснувам. (Ако често се случува ова, кажете си.)

23. Кенкава сум. (Ништо страшно, кажете си.)

24. До пред 5 минути ме игнорираше, а сега сакаш секс? Нема. (Одмазда?)

25. Затоа што мислам дека не ме сакаш. (Ова бара подолг разговор...)

Би можело да ве интересира:

Онлајн курсеви, комуникација - Колку интернетот ни го промени животот? Начинот на комуникација, но и можноста да станеме експерт за некоја област благо...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Порано мислеле дека ја предвидува иднината - дали морничавата табла за зборување со духови навистина... Знаевте ли дека окултната табла за зборување со духови (ouija) прво се продавала...
8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...
Стив Џобс и уште 4 неверојатно успешни луѓе без факултет Во свет кој често ја нагласува важноста на формалното образование, инспиративно ...
Морничавата приказна за „најопседнатата“ куќа во Лондон - Полицајци гледале како се движат предмети „Во собата почнаа да летаат предмети насекаде. Јас стоев во аголот и гледав прек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg