Том и Џери би биле шокирани ако го слушнат ова!

„Amazon Prime“ и „iTunes“ издаваат предупредување пред епизодите од цртаниот филм „Том и Џери“ од 1940-1950 година кое гласи: „Оваа содржина може да предизвика расни и етнички предрасуди кои порано беа вообичаени во американските друштва“.

tom-i-jerry-bi-bile-sokirani-ako-go-slusnat-ova-01.jpg

Постојат неколку студии кои одговорно тврдат дека мачката и глушецот кои ни го разубавуваа детството на сите, се всушност расисти!

Сè започнало во 2005 година кога афроамериканската глумица Вупи Голдберг зборувала за споредниот лик на црната жена на која не ѝ се гледа лицето, туку само долниот дел од телото, поради што таа сметаше дека е претставена само како материјал за евтини шеги.

Професорот по етнички студии Кристофер Леман во својата студија „Обоени цртани филмови“ повторно става до знаење дека ликот на црната домаќинка е подлога за невкусни шеги на расно-сексуална основа.

Посебно се задржува на сцените во кои таа пее за кременадли додека ги чисти садовите, како и на сцената во која Том ја гребе за задникот, на што таа се врти и му вели: „Ти си лош мачор Томас, сакаш да напаѓаш од позади.“

Уште од 1949 година почнале протести против прикажувањето на црнци во цртаните филмови, но дури во 1980 година филмското студио почнало да се грижи за овој проблем, па со порака за предупредување сега сакаат да го задржат идентитетот на култниот цртан филм.

Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...

Најчитани неделава