Различни верувања и обичаи за посреќна Нова година од целиот свет

Новогодишната вечер е момент кога посакуваме уште поубави 365 дена на сите блиски. Но, секоја земја има различни обичаи и верувања со кои се прави тоа.

razlicni-veruvanja-i-obicai-za-posrekna-nova-godina-od-celiot-svet-01.jpeg

Ова се само дел од најинтересните:

Ако славите Нова година во Грција, тогаш традиционално ќе сечете колач во кој се наоѓа скриена паричка која, според верувањето, му носи среќа на оној кој ќе ја пронајде.

Ако се одлучите за Нова година во Германија, очекувајте гласен огномет вреден неколку милиони евра. Традицијата се состои во тоа што за новогодишната вечер треба да се направи толку силна бука, со која се верува дека ќе се растераат сите лоши духови.

Кај австралијанците за Нова година се подготвува свечен ручек кој вклучува сочно печење, како симбол на среќа и благосостојба во наредната година. А ручекот не е целосен без сладолед од ментол во облик на детелина со 4 листа.

Во Шпанија, штом отчука полноќ, треба да изедете 12 зрна грозје. По едно за среќа во секој месец од годината.

razlicni-veruvanja-i-obicai-za-posrekna-nova-godina-od-celiot-svet-1.jpg

Сицилијанските обичаи велат дека лазањите носат среќа, но несреќата ќе ги следи сите оние кои на Нова година јадат макарони или било какви тестенини што не се лазањи.

Британците ја проценуваат среќата во новата година според гостите кои први ќе им стапнат во домот. Ако тоа биде маж кој има подарок, на среќата и нема крај, но ако тоа биде жена и тоа со празни раце - не се надевајте премногу.

Норвежаните за Нова година јадат пудинг од ориз во кој кријат по еден бадем. Пудингот се сервира во голем сад, од кој се вадат парчиња. Се верува дека на личноста на која ќе и се падне бадемот, ќе ја следи среќа и богатство.

razlicni-veruvanja-i-obicai-za-posrekna-nova-godina-od-celiot-svet-2.jpg

Холанѓаните за Нова година јадат крофни, затоа што веруваат дека тие им носат среќа.

Во Чиле, штом часовникот отчука 12 часот, се јаде леќа, затоа што според тамошните верувања таа носи многу работа и пари.

Затоа што јапонските хороскопски знаци се менуваат според годината, за новогодишната прослава јапонците се облекуваат и маскираат во хороскопскиот знак кој ќе важи за годината која следува.

Би можело да ве интересира:

10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава