8 правила за 8 пати поголема среќа

Понекогаш едноставното е најубаво, а уште поубаво е доколку не се обидувате да го комплицирате без потреба, нешто што го прават сите постојано.

8-pravila-za-8-pati-pogolema-sreka-1

Си го комплицираат животот обидувајќи се да го сфатат без да разберат дека тој не треба да се сфати, треба да се живее!

Овие 8 правила ќе ви го докажат тоа и ќе ја почувствувате промената во вашиот живот кој ќе се заврти на страната на среќата само доколку започнете да ги почитувате истите.

1. Зборувајте смирено, никој не заслужува да го слуша вашето викање освен доколку се наоѓа во животна опасност од која треба да го спасите.

2. Дишете длабоко. Кога сте вознемирени бројте до 10, ако тоа не ви помага бројте до бесконечност... Ќе дојде момент кога броењето ќе го надвлада бесот и вие ќе сфатите дека без потреба сте сте нервирале.

3. Јадете умерено, колку што сте гладни, доволно за да се заситите. Само така ќе уживате во витка линија и здрав метаболизам кој ќе резултира со уште поздрав дух.

4. Сонувајте реално. Никој не ги осудува вашите големи соништа, но прво направете ги малите чекори кои водат до нив. Големите соништа не се остваруваат во еден ден, сфатете го тоа и продолжете да превземате иницијатива за нивно остварување, полека, но сигурно.

5. Мислете креативно, секој проблем гледајте го од различен аспект и ќе пронајдете различни решенија од кои треба да го одберете оптималното, она совршеното само ќе ви тропне на врата.

6. Заработувајте чесно, само така ќе имате мирна совест и лесен сон, она што го заслужувате како награда ќе ви падне во раце во моментот кога не го очекувате. Доволно е да го посакувате секој ден и да не заборавате на него.

7. Трошете паметно, не повеќе отколку што навистина имате на располагање. Како рекле чиста сметка - долга љубов. Не задолжувајте се непотребно и не позајмувајте пари на недоверливи личности.

8. Сакајте искрено, без резерва. Само така ќе бидете навистина среќни и исполнети знаејќи дека сте ја предале некому душата целосно. Не стравувајте од давање на љубов, давајте, но не очекувајте за возврат!

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...

Најчитани неделава