Најновата Take Away амбалажа на McDonald's е совршена! (видео)

Можеби во Македонија веќе го немаме ланецот на ресторани McDonald’s, но оние кои патат по неговиот вкус често знаат да поминат до најблискиот град и да уживаат потсетувајќи се на добриот вкус.

sega-moze-da-jadete-obrok-od-mcdonalds-i-po-pat-01

McDonald’s е едно од најпосетуваните места за исхрана каде и да одите на некое патување. Со новата иновација, веќе нема да треба да ја држите кесата со исчекување да стигнете негде и да може да јадете, затоа што нема каде да распоредите сè што имате во неа.

Новите хартиени кеси се така направени, што долниот дел е од поцврст картон, кој само со еден потег и повлекување на лентата се претвора во послужавник.

Многу е едноставно и практично, затоа што сè ви е на едно место и може да јадете во парк, автомобил, додека стоите или седите на место каде што нема маса.

Одговара во секоја прилика, заштедува простор и полесен е за користење. Сега за сега оваа кеса ја има само во Унгарија, но се очекува наскоро да ја има во сите ресторани на McDonald’s низ светот.

Би можело да ве интересира:

Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...

Најчитани неделава