10 стратегии за манипулација со луѓето: Будење на емоциите, пофалба на глупоста...

Не е ништо ново, ниту сега измислено кога се работи за некои внатрешни правила на медиумите при известувањето. Тоа отсекогаш постоело и не е нешто што е непозното, но не е ниту нешто за кое многу гласно се зборува.

10-strategii-za-manipulacija-na-lugjeto-budenje-na-emociite-pofalba-na-gluposta-001

Помалку или повеќе сите ги користат правилата за привлекување, пренасочување или оттргнување на вниманието на јавноста во зависност на ефектот што сакаат да го постигнат.

Сето тоа е на едно психолошко ниво кое може да се користи дозирано и во општата меѓучовечка комуникација.

Сите некогаш во животот сме запознале личности кои се класични манипулатори и за кои сме се прашувале како е возможно толку добро и вешто да го изведуваат тоа и да го постигнуваат посакуваниот резултатот.

Токму таквите правила на манипулација кои можеби некој ги користи и во вашето друштво, се засноваат врз дамнешни истражувања на познати научници.

Врз основа на работата на еден од највлијателните светски интелектуалци, американскиот лингвист Ноам Чомски, претставени се 10 стратегии за манипулација преку медиумите.

1. Пренасочување на вниманието

Вниманието на јавноста се пренасочува од важните проблеми на неважните. Презаситете ја јавноста со неважни информации за луѓето да не размислуваат и да не добијат издржани сознанија за да разберат што навистина се случува во светот.


2. Создавање проблем

Таа метода се нарекува и проблем-реакција-решение. Треба да се создаде проблем за дел од јавноста да реагира на него. На пример, да се предизвика и пренесе насилство со намера, за јавноста полесно да го прифати ограничувањето на слободата, економската криза и слично.


3. Промена на постапување

За јавноста да се согласи со некоја неприфатлива мерка, воведувајте ја постепено, по малку, со месеци и години. Промените кои би можеле да предизвикаат отпор, ако би биле изведени наеднаш и во краток временски период, ќе бидат спроведени со мали чекори. Така светот се менува со текот на времето, без да ја буди свеста за промените.


4. Одложување

Уште еден начин за подготвување на јавноста на непопуларни промени е да ги најавите многу порано. Луѓето така не ја чувствуваат одеднаш сета тежина на промените, бидејќи претходно се навикнале на идејата за промените. Освен тоа и „заедничката надеж за подобра иднина“ го олеснува нивното прифаќање.


5. Употреба на детски јазик

Кога на возрасните им се обраќате со детски говор, се постигнуваат два корисни резултати: јавноста ја потиснува критичката свест и пораката има посилно дејство на луѓето. Тој сугестивен механизам во голема мера се користи и при рекламирањето.

10-strategii-za-manipulacija-na-lugjeto-budenje-na-emociite-pofalba-na-gluposta-01.jpg

6. Будење на емоциите

Злоупотребата на емоциите е класична техника која се користи во предизвикувањето краток спој, при разумното пресудување. Критичката свест ги заменува емотивните импулси (бес, страв). Употребата на емотивни регистри овозможува пристап до несвесното, па подоцна можно е на тоа ниво да ги спроведе идеите, желбите, грижите и стравовите или пак да предизвика одредено однесување.


7. Незнаење

На сиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристапот до механизмите за разбирање на манипулацијата. Квалитетот на образованието на пониските слоеви треба да биде послабо или под просекот за да не може да се премости разликата.


8. Пофалба на глупоста

Јавноста треба да се поттикнува во прифаќањето на просечноста. Потребно е да се убедат луѓето дека е добро да се биде прост, вулгарен и неук. Истовремено треба да се предизвика отпор кон културата и науката.


9. Создавање на чувство на вина

Треба да го убедите секој поединец дека исклучиво тој е одговорен за сопствена несреќа, покрај недоволното знаење, ограничените способности или недоволниот труд. Така несигурен и потценет поединец, оптоварен со чувството на вина ќе отстапи од потрагата по вистински пример за својата положба и бунтот против економскиот систем.


10. Злоупотреба на знаењето

Брзиот развој на науката во последните 50 години создава провалија помеѓу знаењето на јавноста и оние кои го поседуваат и користат. „Системот“, благодарение на биологијата, невробиологијата и практичната психологија има пристап до напредното знаење на човекот и на физички и на психички план.

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава