Како настанале оригамите?

kako-nastanale-origamite-povekjeОригами е традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија. Зборот оригами, потекнува од “ору“ што значи...

 

...виткање и “гами“ што значи хартија.

Квадратната хартија вообичаено има површина од 15cm x 15cm и постои во разни бои или јапонски дизајни.

Традиционалното Јапонско оригами се состои од виткање на хартија наречена уаши, во различни облици, со сечење и со лепење. За разлика од ова, во денешното оригами обично само се витка.

kako-nastanale-origamite

Самата хартија била измислена во Кина и стигнала во Јапонија во 7 век. Оттука, оригамито почнало да се прави за време на празници и се збратимило со религиозните церемонии.

Оригамито како занимација започнало во периодот Муромачи (1338-1573) кога почнале да се прават кукли и слично. Особено било популаризирано во периодот Едо (1603-1868).

Боите на креираните модели специфираат чувства и односи, како на пример:

  • Црвената - љубов и страст.
  • Кафеавата - приземјеност, пријателство и лојалност.
  • Зелената - хармонија, рамнотежа и здравје.

Најпопуларизираната форма на оригами во денешно време е Оризуру (вид штрк). Некои веруваат дека доколку се направат 1.000 оризуру и се поврзат заедно, може да се излечи човек од било каква болест (т.е., да се исполни желба).

Денес подарок од овој тип може да се најде покрај некои кревети во болниците во Јапонија.

Би можело да ве интересира:

Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...
Татковци најмуваат проститутки за нивните синови, дрога на секој чекор – Мрачната страна на туризмот... Покрај зеленилото, плажите, културата и вкусната храна, Тајланд има и друга стра...
Сè ве боли, нема крај на плаќање сметки: 15 проблеми кои како старееме почнуваме да ги имаме Проблем број 1 и 2 на возрасните се: „Да размислуваш што ќе јадеш, секој ден, за...
11 работи за кои жените мораат секојдневно да се грижат (а мажите немаат поим) „Се чувствуваме како ние да треба да знаеме да се справиме со сè. Партнерот е гн...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Страдала од депресија, син ѝ ја убил во самоодбрана: Трагичната судбина на актерката Сузан Кабот Последните години од животот, Сузан Кабот ги поминала во изолација, живеејќи со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg