Криза на идентитетот

Криза на идентитетот не е својствена само кај тинејџерите - се почесто се случува луѓето од сите возрасти да се најдат во ситуација во која се...

 

... прашуваат што прават во животот, која им е целта, што сакаат од животот и како тоа да го постигнат.

Секој пат кога се завршува едно поглавје во нашите животи, секогаш се враќаме на истите прашања. Ако и вас ве мачи таков проблем, еве неколку насоки кои се надеваме дека ќе ви бидат од помош при препознавање на сопствените цели и очекувања.

1. Запрашајте се кои познати личности ви се пример во животот

Информациите за она со што тие се занимаваат, тоа што го работат и начинот на кој го постигнале тоа што се денес нека вам ви послужи како патоказ. Размислете што е тоа на што им се восхитувате? Што имаат тие? Прашањето може да дојде и преформулирано - замислете си ја иднината, се станале познати...по што?

2. Поставете си го прашањето кои личности од вашата блиска околина би сакале да ги имате за ваши kriza-na-identitetot1пријатели

Размислете зошто сте ги одбрале токму тие лица за ваши пријатели и анализирајте како тие се однесуваат, бидејќи луѓето обично ги сакаат за пријатели оние лица на кои им се восхитуваат и на кои сакаме да сме слични.

3. Следниот чекор би бил да наброите и опишете кога сте биле најсреќни

Тие случувања ќе ви говорат сами за себе. Цел нека ви биде да имате што повеќе слични, среќни моменти во животот.

Потоа одговорете си на слични прашања од типот на кога сте најзадоволни, што најповеќе сакате да правите и во што најповеќе уживате?

Понекогаш одговорите на ваквите тешки и збунувачки прашања може да ви понудат и одговор на сосема едноствни прашања. На пример размислете која е вашата омилена песна и зошто? Во зборовите на таа песна можеби се крие вашата приказна. Анализирајќи ја песната ќе препознаете што ви се случило во животот, низ што сте поминале, што цените: љубов? Забава? Кафеана?

Кога веќе ќе лоцирате што сакате и што очекувате од животот, засукајте ги ракаваите, фатете се за работа и остварувајте!

Би можело да ве интересира:

„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
Мрачната тајна на девојките во Дубаи кои се фалат со раскош и луксуз „Некои девојки имаат и по пет, шест клиенти во една вечер. Заработуваат многу и ...
5-те најскапи хотели во светот (што можеме да ги видиме само на фотки) Два од најскапите хотели се наоѓаат во Дубаи, додека најскапиот е на Карибите и ...
50 луѓе спијат во иста ќелија, со глувци и лебарки: Бруталните услови во островскиот затвор во Њујор... Затворот Rikers Island е лоциран на остров во Њујорк, а условите се толку лоши, ...
Го сакал Ендру Тејт, Меланија уште го третира како дете: Скандали кои може да му наштетат на Барон Т... Ендру Тејт се соочува со обвиненија за силување и трговија со луѓе, а во јуни ќе...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg