Не правете сцени: 4 методи на справување со бесот

Понекогаш сите имаме проблеми со гнев и бес. Но, се воздржуваме да го искажеме, а тоа не е здраво. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои лесно се лутат имаат трипати поголеми шанси да добијат срцев удар, за разлика од останатите.

ne-pravete-scena-4-metodi-na-spravuvanje-so-besot-01

Ако не би сакале да припаѓате во нив, тогаш прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да се справите со бесот:

1. Вие сте вашето сопствено светилиште

Ако сте визуелна личност, тогаш ослободете го умот и натерајте го да мисли дека е светилиште. Визуелизацијата е моќна стратегија за справување со гневот што може да се инвоцира во најважниот момент од ситуацијата, особено во сцени каде не можете да излезете од собата поради високи влогови – состанок со клиент или тензична интеракција со шефот.


2. Замислете ги проблемите како балончиња

Замислете ги проблемите како балони за полесно да може да ги пуштите. Замислувајте дека го ослобудувате секој балон кој лета сѐ подалеку од вас. Иако е ова е малку потешко затоа што мозокот кога ќе замисли балон, веднаш го прикажува како пукнат или самиот мозок го пука, сепак со малку ментална вежба ваквата визуелизација може многу да ви помогне.


3. ... Или како замок

Уште еден начин за справување со насобраната лутина е да замислете дека проблемите се заклучени во некоја кула и дека сте го фрлиле клучот. Околу оваа визуелизација и онаа со балоните, потребно е правилно (длабоко) да дишете. Самото длабоко дишење не е доволно за да ве смири, но со ваквите ментални слики во главата, тоа автоматски има подобар ефект.


4. Најдете мантра

Уште еден брз и лесен начин да се ослободите од бесот е да си ја повторувате омилената фаза за смирување. Таа може да биде било која т.е. онаква каква што ви е сакате. Неколку добри примери се: „ Сѐ ќе биде во ред.“ „Опушти се.“ Со овој метод  имате најголеми шанси да успеете да се смирите навреме.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот) Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте. Сакате...
Самоубиства, предозирања, киднапирање: Проклетството на династијата Гинис (кое трае до денес) Династијата Гинис, која стои зад една од најпознатите дестилерии во светот, има ...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Заборавената хероина од Титаник: Се вратила на бродот за да спасува луѓе, собирала пари за сиромашни... Кога богаташката Маргарет Браун сфатила дека во чамецот за спасување има уште ме...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава