Бон-тон за по телефон!

bon-ton-za-po-telefon-povekjeА, кај си? А, сега каде си? Што носиш? Кој има лево од тебе? Тој ти е бившиот? Честа грешка во односот помеѓу двајца се неконструктивните телефонски...

 

...разговори. Освен ако не сте физички оддалечени и немате можност да се видите во живо, долгите и напорни разговори треба да ги избегнувате. Прочитајте ги седумте златни правила:

bon-ton-za-po-telefon

1. Имајте цел и поента за својот повик – немојте да ѕвоните премногу  често без потреба. Доволно е еднаш до два пати на кратко да се чуете ако немате можност да се видите.

Кога зборувате постојано на телефон разговорот може да заврши со молчење и дава погрешен сигнал. Ако веќе ѕвоните без некаква причина, напоменете дека ви е здодевно и сакате да поразговарате со некого.

2. Разговорот нека биде краток – кратко, а слатко. Докажано е дека долгите разговори најчесто водат до расправии без потреба.

3. На крајот од разговорот донесете заклучок - секој го помни крајот од разговорот и затоа истакнете за што сте разговарале.

4. Бидете позитивни – никој не сака ширење негативна енергија доколку за тоа нема причина.

5. Ѕвонете во пристојно време – во работно време, за време на ручек, доцна навечер – НЕ!

6. Оставете порака дури по вториот повик – немојте да оставате одма порака на говорното сандаче освен ако не е нешто многу важно. Дајте шанса на соговорникот да го возврати повикот.

7. Оставете кратка и јасна порака – не правете си муабет или не оставајте порака додека сте на раскрсница – голема е веројатноста дека тешко ќе ве разбере со таа галама во позадина.

Би можело да ве интересира:

Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та? Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
Пет суптилни трикови што ги користат емоционалните манипулатори Префрлањето вина и глумењето жртва се тактики со кои манипулаторите прават нивна...
Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (шт... Работниците во Дубаи кои работат на градилиштата, но и по хотели, спа центри и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg