Tрик со тегли кој ќе ве научи како да управувате со парите

Методот со тегли е еден од најефективните начини преку кој ќе научите како да упрвувате со вашиот личен и семеен буџет.

izvonreden-trik-so-tegli-koj-kje-ve-nauci-kako-da-upravuvate-so-parite-001.jpg

Сè што ви е потребно се 6 тегли кои ќе ги претставуваат 6-те најважни сегменти во нашиот живот.

Придржувањето до овој метод ќе ве направи личност која знае да ги цени и вреднува парите онака како што отсекогаш сте посакувале.

Тегла бр. 1: Основни потреби (55% од вашиот буџет)

Во оваа тегла ќе ставате 55% од парите кои ги заработувате и истите ќе бидат наменети за вашите секојдневни трошоци кои опфаќаат: храна, сметки, кирија, превоз и даноци.


Тегла бр. 2: Забава (10% од вашиот буџет)

Ова се пари кои можете да ги потрошите на лични задоволства како на пример скапо вино или викенд во луксузен спа центар.


Тегла бр. 3: Долгорочни заштеди (10% од вашиот буџет)

Ова е теглата одговорна за вашата финансиска независност во иднина. Со оглед на тоа што не знаеме што ни носи иднината, овие пари ќе ги чувате за моментите кога навистина ќе ви бидат потребни.


Тегла бр. 4: Образование (10% од вашиот буџет)

Човекот учи додека е жив. Водејќи се од ова овие пари ќе ги инвестирате во вашето лично образование независно дали станува збор за изучување нов јазик, професионална обука или купување книги.


Тегла бр. 5: Лични резерви (10% од вашиот буџет)

Ова се средства кои можете да ги искористите за купување на некои поскапи работи како скап телевизор, телефон, автомобил...


Тегла бр. 6: Добротворен прилог и подароци (5% од вашиот буџет)

Искористете ги овие при кога треба да купите подарок за нечиј роденден, свадба или прослава. Исто така можете и да ги донирате во некоја добротворна организација или некому кому знаете дека му треба помош. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот) Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте. Сакате...
Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна гла...
Заборавената хероина од Титаник: Се вратила на бродот за да спасува луѓе, собирала пари за сиромашни... Кога богаташката Маргарет Браун сфатила дека во чамецот за спасување има уште ме...
Одземена титула, прогласување погрешна победничка: Најголемите контроверзии на Мис Универзум Неколку мисици ги изгубиле титулите поради однесувањето или непромислените изјав...
„Разговорот што посакувам да го имав со мајка ми пред да наполнам 40 години“ „Мајка ми убаво ми објаснуваше за промените на моето тело. Уште пред да си играм...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...

Најчитани неделава