16-годишна девојка со простетска нога вежба гимнастика - Кој е вашиот изговор зошто не ги следите соништата?

16-годишната Кејт Фостер како и секое друго девојче, облечена во боди ги покажува своите вештини пред судиите на еден натпревар во Илиноис, но одеднаш ја открива нејзината лева нога и сфаќате зошто е толку посебна.

16-godishna-devojka-prodolzila-so-gimnastikata-i-pokraj-prostetskata-noga-01.jpg

Тинејџерката ги покажува своите вештини на песната „Defying Gravity“ која не како да е наменета само за овој спорт, туку и за неа посебно, простетската нога не ја обесхрабрила и не ја натерала да се откаже од својата страст.

16-godishna-devojka-prodolzila-so-gimnastikata-i-pokraj-prostetskata-noga-3.jpg

Извртување нанапред, извртување наназад и сето тоа како воопшто да не ѝ претставува пречка металната нога - вистинска инспирација за многу млади девојки. Завршува со својата точка и ги дига рацете високо горе во знак на поздрав кон судиите, а за возврат добива уште поголемо ракоплескање.

Видеото кое нејзиниот горд татко го објавил на својот Фејсбук профил стана вирална сензација по само неколку дена со над 4 милиони прегледи со причина. Тинејџерката се превртува околу даската како да ја нема простетската нога.

 

/">
/">

Kate's beam routine at the 2016 Bravo Classic.

Posted by Lynn E. Foster on Saturday, January 16, 2016

Но, која е инспиративната приказна која се крие зад ова девојче?

Пред да ја изгуби ногата, во 2011-та година, таа тренирала околу 20 часа неделно. Нејзините родители откриле дека има леукемија и веднаш започнале со хемотерапија и трансплантација на коска. Но, пред да се случи втората операција, на едната нога добила инфекција од која морала да биде ампутирана.

16-godishna-devojka-prodolzila-so-gimnastikata-i-pokraj-prostetskata-noga-1.jpg

Кога открила дека ќе мора да добие ампутација, таа одбивала. „Ми требаат две нозе за гимнастика“ - ги молела докторите кои на крајот ја убедиле дека мора да се отстрани ногата за да продолжи со операциите и да си го спаси животот.

16-godishna-devojka-prodolzila-so-gimnastikata-i-pokraj-prostetskata-noga-4.jpg

Утрото откако ногата ѝ била ампутирана, дошла нејзината тренерка и ѝ кажала: „Никогаш не сум тренирала некој со една нога, но подготвена сум тоа да го направам за тебе“.

Предизвиците не запреле тука, но оваа млада девојка е доказ дека никогаш не треба да се откажувате од соништата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Патување со крузер како од хорор-филм: 4.000 патници поминале 4 дена на море, без храна и функционал... Во 2013-та, патување со крузер се претворило во пекол откако бродот останал без ...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
Десет работи што учтивите луѓе никогаш не ги прават во ресторан Не се однесуваат супериорно кон келнерите и не им се жалат на вработените во рес...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“ Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот) Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте. Сакате...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава