Нов тренд на социјалните мрежи кој ќе ве натера да си го засакате телото
Денес сме опколени со фотографии од луѓе со совршено извајани тела, но ретко кога имаме можност да ја погледнеме реалноста со која се соочуваат повеќето - масни наслаги и целулит од кој тешко можете да се ослободите.

Токму затоа, новиот тренд на социјалните мрежи, #CelluliteSaturday, за краток период се прошири и стана општо прифатен. Ја прикажува реалноста со која се соочуваме - „несовршени“ тела.
Покрај тоа, овој тренд има за цел да испрати порака дека сите ние треба да си го прифатиме сопствениот изглед.
Концептот потекнува од Кензи Брена која во минатото имала дисморфобија, но го прифатила својот изглед и сега самата сака да им помогне на останатите кои не го сакаат своето тело.
Таа нè потсетува дека целулитот е сосема нормална работа со која се соочуваат дури 93% од жените.
Кензи секоја сабота споделува нова фотографија и ги охрабрува и другите да го направат истото. Многу жени почнаа да го следат нејзиниот пример и гордо познаа да ги покажуваат своите „недостатоци“ како кожа со изглед на портокал, јасно видливи дупки и масни наслаги...
Многу жени ги објавија своите фотографии каде целулитот им е јасно видлив:
Н. Г. | Црнобело