Ако внатрешната убавина е најважна, зошто цвеќето се труди да биде привлечно?

„Заоѓањето на Сонцето е секогаш поубаво кога небото е прошарано со облаци со неправилни облици, бидејќи само така може да одржи различни бои од кои се изградени соништата и стиховите на поетите“ - напишал Коелјо во својата книга „Манускрипт пронајден на Акра“.

lugjeto-velat-vnatreshnata-ubavina-e-najvazna-ako-e-taka-zoshto-cvekjeto-se-trudi-da-bide-privlecno-01.jpg

Во продолжение, дел од неговите мисли...

Луѓето секогаш велат: „Важна е внатрешната, не надворешната убавина.“ Ама, ништо не е така далеку од вистината. Да беше така, зошто цвеќето толку многу би се трудело да го привлече вниманието на пчелата?

Зошто капките вода би се претворале во виножито кога се среќаваат со Сонцето? Затоа што природата копнее за убавина и е задоволна само тогаш кога може да ја слави.

Надворешната убавина е видлив дел од внатрешната убавина.

Се појавува низ светлината која на секого му ги осветлува очите. Не е важно дали личноста е лошо облечена или не во склад со општоприфатената идеја за елеганција или што воопшто не се грижи дали ќе ги шармира сите околу себе.

Судот на другите луѓе

Убавината е присутна во сè создадено, ама опасноста лежи тоа што ние како луѓе често сме далеку од божествената енергија и поради тоа дозволуваме да нè заведе туѓиот суд. Ја негираме сопствената убавина, само затоа што другите не можат или не сакаат да ја препознаат.

Наместо да се прифатиме себеси онакви какви што сме, тежнееме да бидете како оние за кои сите велат дека се „убави“. Набрзо, нашата душа слабее, волјата ни се намалува и потенцијалот исчезнува.

Престануваме да бидеме Месечина, туку сме вирот во кој таа се огледува

Забораваме дека светот е онаков каков го замислуваме. Престануваме да бидеме Месечина, туку сме вирот во кој таа се огледува. А, следното утро, Сонцето ја суши таа вода и од неа не останува ниту трага. И сето тоа, само затоа што некој ни кажал дека сме грди или дека друга личност по која треба да се огледуваме е убава.

Со само неколку зборови, другата личност успеала да ни ја одземе самодовербата која сме ја поседувале и да нè натера да станеме огорчени и грди.

Убавината не почива на еднаквост, туку на различност

Во тој момент, утехата ја пронаоѓаме во она што многумина го нарекуваат „мудрост“ - собрани мисли и идеи кои ги создале луѓето за да го дефинираат светот, не да ја почитуваат тајната на животот.

Таа мудрост содржи непотребни правила, норми и мерила чија цел е да воспостават одреден стандард на однесување. По таа лажна мудрост, не треба да се грижиме за убавината, бидејќи таа е минлива и површна.

Тоа не е вистина, сите суштества создадени под Сонцето, од птиците до планините, од цвеќињата до реките го прикажуваат чудото на создавање, а ако го прифатиме тоа, тогаш полека го откриваме Сонцето во нашата душа.

Убавината не почива на еднаквост, туку на различност.

Љубовта ни вели: „Никогаш претходно не сум те забележала“.

А, нашата душа одговара: „Обрати повеќе внимание, бидејќи јас сум тука. Потребен беше ветар да ја тргне прашината од очите, ама сега кога ме препозна, не ме напуштај повторно, бидејќи сите копнеат за убавина.“

Како можеме да ја замислиме жирафата без долг врат или кактусот без боцки? Неправилните врвови кои планините ги прават моќни? Токму тоа што делува несовршено, ни го привлекува вниманието.

Кога ги гледаме дрвјата не велиме сите треба да бидат со еднаква должина, туку си помислуваме колку се моќни. Така и со луѓето, убавината е во нивната различност.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава