6 вежби кои можете да ги правите и кога сте уморни

Кога сте уморни и сакате да си лежите, последното нешто што ви паѓа на памет е да вежбате. Но, лежењето може да ве направи уште поуморни, па затоа е подобро да вежбате за да ви се зголеми енергијата.

6-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-i-koga-ste-umorni-01.jpg

Иако се смета дека вежбите со послаб интензитет немаат ефект, сепак следниве неколку типови вежби можат да ви заменат цел час во фитнес сала, а можете да ги правите и во моментите кога воопшто не ви се вежба:

Пилатес

Повеќето пилатес вежби се изведуваат додека лежите на грб, па ова е совршена варијанта за кога сте уморни. Го поттикнува контролираното дишење и го полни целиот организам со кислород. Губите калории и се освежувате во исто време.

Кревање тегови

Оваа вежба можете да ја правите и додека сте пред телевизор. Земете тегови со тежина која вам ви одговара и вежбајте ги рацете, нозете и целото тело.  

Пливање

По напорниот ден, опуштете со еден час релаксирано пливање. Пливањето ги зајакнува сите мускули од телото, го полни мозокот со кислород и делува добро на кардиоваскуларниот систем. Додека сте во вода, можете да правите и лесни аеробик вежби.

7-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-i-koga-ste-umorni-02.jpg

Истегнување

Никогаш не ја потценувајте ја делотворноста на вежбите за истегнување. Не ни морате да станете од кревет. Само наместете се во различни позиции во кои истегнувањето ќе биде најинтензивно и веднаш ќе се чувствувате поенергично.

Јога

Јогата е одлична вежба да се релаксирате и да го обликувате телото. Ќе ви го врати балансот во целото тело и ќе ве освежи. Плус, ако вежбате во просторијакоја е затоплена, со потењето ќе ги отстраните токсините и ќе изгубите уште повеќе калории.

Пешачење

Сé што ви треба се квалитетни патики и слушалки со омилената музика. Според многу истражувања, половина час пешачење дава повеќе енергија од половина час попладневна дремка.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Labubu куклите и уште 9 трендови од 2025-та што се бесмислени според постарите генерации „Луѓето како веќе да немаат срам. Не е ’кул‘ или ’смешно‘ да се правите идиоти з...

Најчитани неделава