Бившиот дечко, пијаната другарка на невестата: 6 типови на непожелни гости на свадба

Сигурно досега сте биле на неколку свадби во животот. Таму вообичаено се сретнувате со луѓе кои ги знаете и не ги знаете.

bivshiot-dechko-pijanata-drugarka-na-nevestata-6-tipovi-na-nepozhelni-gosti-na-svadba-01.jpg

Некои од нив толку одат на нерви, што речиси никој во вашето  опкружување не може да ги поднесе. Такви гости има на секоја свадба.

Од постари мажи кои дошле да „уловат“ некоја помлада девојка, па сè до пијаната другарка на невестата која сè уште е сингл, еве ги 6-те типови на гости кои никој не може да ги поднесе на свадба:

Пијаниот филозоф

Нормално е дека на свадба се пие неколку чашки алкохол повеќе, но има луѓе што мислат дека со алкохолот ги испиле и тајните на универзумот. Почнуваат да се прават паметни и да филозофираат за сè и сешто и им досаѓаат на сите околу нив со нивните „паметни“ совети за животот.

Новопечениот брачен пар

Постојано се фалат каква била нивната свадба што ја правеле неодамна. Покажуваат фотки од тортата, фустанот, ресторанот што го одбрале и не сфаќаат дека никој тоа не го интересира.

Пијаната сингл другарка

Некоја од најдобрите другарки на невестата сигурно е сè уште сингл, па оваа свадба ќе ја искористи добро да се напие и да очајува за нејзиниот живот. Гласно се смее, пее песни што ја погодуваат и се обидува да биде центар на вниманието за да „смува“ некој  од слободните мажи.

bivshiot-dechko-pijanata-drugarka-na-nevestata-6-tipovi-na-nepozhelni-gosti-na-svadba-02.jpg

Личноста со која се немате видено од средно

Додека вие се обидувате да се сетите како се вика, тој/таа веќе ве „дави“ со приказни и ситуации од средношколските денови. „Ти текнува на екскурзија кога...“? Не, не ви текнува и не ни сакате да се сетите на такви срамни моменти од младоста.

Бившиот партнер

Има причина зошто сте раскинале со вашиот бивш партнер, но сега сте на истата свадба и сигурно ќе дојде до некој незгоден момент. Пристојно би било да се поздравите и да размените неколку реченици, а што побрзо сакате да се тргнете од него/неа.

Стариот „господин“

„Што прави оваа дама вака сама?“ – обично со ова започнуваат разговор постари личности кои дошле да се поднапијат и да „уловат“ некоја девојка што може да им биде ќерка. Ваквите мажи не се откажуваат лесно, па тешко е да се ослободите од нив на културен начин.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
„Колега беше опседнат со мене – ме следеше, ми се закануваше, а полицијата изреагира дури откако ми ... 31-годишна Британка доживеал вистински кошмар кога нејзин нов колега станал опсе...

Најчитани неделава