Барселона ја викате Барса: Работи што ве издаваат дека сте туристи
Пред да отпатуваме некаде, обично сакаме да се информираме подобро за местото во кое ќе одиме. Обично стереотипите за народите во различни земји во светот се донекаде точни, но сепак тоа не е секогаш така.

Затоа, најдобро би било да добиете точни информации за одредени правила или навики на локалното население каде што ќе престојувате.
Понекогаш, туристите мислат дека ќе добијат некој поен повеќе кај локалните жители со некои навики или изрази што ги користат, но испаѓаат смешни во таа намера.
Прочитајте кои работи ве издаваат дека сте турист бидејќи локалните жители никогаш не ги прават:
Лондон: Оставате голем бакшиш во рестораните

Барселона: Ја викате Барселона нагалено Барса

Москва: „Свиркате“ со уста во затворена просторија

Чикаго: Го посетувате пристаништето Navy Pier во лето

Сингапур: Фрлате гуми за џвакање на јавно место (во Сингапур не е дозволена продажба на гуми за џвакање)

Единбург: Го изговарате гласот „г“ во зборот Единбург (во изворниот изговор тој глас не се слуша)

Лондон: Нарачувате класичен англиски појадок

Њујорк: Го посетувате Times Square

Јоханесбург: Премногу сте блиски и љубезни со странци

Бостон: Застанувате да ги гледате настапите на уличните уметници

Сиетл: Имате исончан тен

Рим: Тенот ви е премногу бел

Амстердам: Носите шлем кога возите велосипед

Техеран: Не се ценкате на пазарите

Мадрид: Ручате пред 13 часот

Би можело да ве интересира:
Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и други...
Немојте да ја преуредувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не...
12 најиритантни работи со кои луѓето ги нервираат другите луѓе (и добиваат тивка осуда)
Луѓе кои мислат дека насилното однесување на нивното дете кон мали животни е „см...
Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (шт...
Работниците во Дубаи кои работат на градилиштата, но и по хотели, спа центри и с...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“
Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
Цела зима нема достава на намирници, алкохолот беше забранет поради насилство: Животот во најизолира...
Неодамна, жителите на гратчето Тасилак на Гренланд го испратија последниот товар...