Престануваат со разговор кога ќе влезете: Знаци дека не им се допаѓате на колегите

Колегите се луѓе со кои поминувате голем дел од времето, особено ако работите по 8 или повеќе часови на ден.

prestanuvaat-so-razgovor-koga-kje-vlezete-znaci-deka-ne-im-se-dopagjate-na-kolegite-01.jpg

Со дел од нив делите слични ставови и интереси, дел се сосема спротивни на вашата личност, но сепак со сите треба добро да се согласувате бидејќи во спротивно ќе предизвикате проблеми и ќе изгледате непрофесионално.

Но, што кога вие сте тие што не им се допаѓате на колегите? Еве кои знаци укажуваат на тоа:

Ве игнорираат

Ако сте забележале дека колегите не ве поздравуваат кога ќе се сретнете во ходникот или надвор од работното место, не ве вклучуваат во меѓусебните разговори или едноставно се однесуваат како да не сте присутни, ова е сигурен знак дека веројатно не им се допаѓате.

Размислете за причините околу тоа и поправете го однесувањето за да воспоставите нормален колегијален однос.

Престануваат со разговор кога ќе влезете во канцеларија

Секогаш кога ќе влезете во канцеларија по паузата или во кое било друго време, колегите престануваат со секаков разговор или одеднаш ја менуваат темата. Веројатно не ве чувствуваат блиски или како дел од колективот, па не им е пријатно да зборуваат во ваше друштво.

Обидете се вие да започнете разговор на некоја интересна тема, но не се наметнувајте по секоја цена.

Се однесуваат кон вас со недоверба

Колегите често ги крадат вашите добри идеи или пак, не прифаќаат и не им се допаѓа ништо што ќе кажете. Одредени колеги честопати ве проверуваат до каде сте со некоја задача и се чувствувате како да немаат доверба во вас.

Размислете што го предизвикало ова однесување кон нив и обидете се да промените некои нешта.

prestanuvaat-so-razgovor-koga-kje-vlezete-znaci-deka-ne-im-se-dopagjate-na-kolegite-02.jpg

Вие сте тие што се секогаш во неволја

Кога ќе настане некоја грешка на работното место, веднаш сите помислуваат дека е по ваша вина. Често ве викаат на разговор да објасните дали вие сте тие што сте одговорни за грешката, а неретко се случува и колегите да ве обвинат пред шефот за работи за кои не сте виновни.

Владее лоша енергија во канцеларијата

Можеби не сте сосема сигурни дали е до вас или пак, колегите не ви се погодени поради друга причина, но во вашата канцеларија чувствувате лоша енергија секогаш кога сте таму. Иако не сте сигурни за причините, негативните вибрации во воздухот се сигурен знак дека нешто не е во ред.

Обидете се да бидете свесни за вашето однесување и да утврдите во што е проблемот. Разговарајте со колегите ако е потребно и решете ги недоразбирањата.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...

Најчитани неделава