Племето кое го смета принцот Филип за Бог

Околу 7 децении, Принцот Филип се смета за една од најинтересните фигури во Британското Кралско семејство. Тој често знае да направи некоја неудобна ситуација со неговите непромислени шеги за жените, глувите или децата со прекумерна тежина.

plemeto-koe-go-smeta-princot-filip-za-bog-001.jpg

„Ти си премногу дебел да станеш астронаут“ му кажал еднаш на мало дете кое ги споделило неговите соништа за патување во вселената.

Британските медиуми обожаваат да пишуваат за овие неговите непристојни забелешки, и иако тој одамна се пензионира од неговите кралски должности, тие сепак никако да престанат да пишуваат за авантурите на 96-годишниот принц.

Сепак луѓето од Ванауту, островска држава која се наоѓа во јужниот Тихи Океан, се многу оптимистични дека наскоро Принцот Филип ќе се придружи и ќе владее со нивното племе. Тие го сметаат за Бог и имаат цела религија која се заснова на неговото постоење.

Овие негови следбеници веруваат дека Принцот се родил за да исполни некое античко пророштво, кое вели дека синот на стар планински дух еден ден ќе заземе форма на блед човек, кој ќе се ожени за моќна жена од друга држава и на крај ќе се врати да живее на островот.

Кога луѓето од селото го виделе портретот на Принцот за првпат, тие почувствувале дека тој е избраниот.

Во нивното убедување помогнала и посетата од Принцот во 1974 кога тој во една поморска тура го посетил остров. Кога главниот на племето го видел Принцот како стои на палубата на кралската јахта облечен во бела униформа, веднаш знаел дека тој е вистинскиот месија.

plemeto koe go smeta princot za bog 2

Овие верници веруваат дека принцот има вистински моќи. Тие еднаш кажале дека со помош на неговите моќи, Америка добила прв црн претседател и дека Принцот со неговата магија помогнал да го најдат Осама Бин Ладен.

Принцот им испратил портрет од него за да им се заблагодари на верноста, а тие му вратиле со подарок, оружје за убивање на свињи. На нивната среќа ѝ немало крај кога Принцот повторно им испратил слика од него со нивниот подарок во рака.

Фотографијата сега стои во свет храм, во кој има други вредни фотографии и синдикалното знаме.

Во мај 2017, неколку денови откако принцот даде изјава дека се пензионира од неговите должности, островот беше под опасност од циклон кој му се приближуваше. Меѓутоа локалците не гледале на тоа како голема опасност, затоа што чекале принцот секој момент да стигне и да ги спаси од сите неволји.

До ден денес, принцот Филип нема дадено никаква изјава дека планира набргу да се сели.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава