25 најчести новогодишни одлуки кои скоро никогаш не ги остваруваме

Новата година пристигна, а со неа и листата на новогодишни одлуки за кои цврсто решивме дека ќе се потрудиме да ги оствариме.

25-najcesti-novogodisni-odluki-01.jpg

Сепак, резимирајќи ја годината што измина, сфаќаме дека не сме исполниле ниту половина од одлуките кои ги донесовме на почетокот на минатата година.

Што се случува со нив? Едноставно е, ги препишуваме повторно во новата листа и продолжуваме со нова надеж понатаму, бидејќи како што велат – надежта последна умира.

Кои се 25-те најчесто споменувани новогодишни одлуки кои ретко ги остваруваме?

 1. Ќе ослабам.

 2. Ќе започнам редовно да вежбам.

 3. Ќе ги откажам цигарите.

 4. Нема да пијам повеќе алкохол.

 5. Ќе си најдам нова работа.

 6. Ќе штедам повеќе.

 7. Ќе ја наполнам кредитната картичка – и нема да ја трошам.

 8. Ќе започнам да се хранам поздраво.

 9. Ќе се организирам подобро.

10. Ќе поминувам повеќе време со своето семејство.

11. Подобро ќе се справувам со нервозите и стресот.

12. Ќе уживам во секој изминат ден.

13. Нема да ги одложувам работите.

14. Ќе патувам повеќе.

15. Ќе поработам на односот кон луѓето.

16. Ќе научам нов јазик.

17. Повеќе ќе спијам.

18. Ќе поминувам помалку време на Фејсбук, Инстаграм, Твитер…

19. Помалку ќе гледам телевизија и серии.

20. Ќе се ослободам од старите непотребни алишта.

21. Ќе почнам да одам на работа со велосипед.

22. Ќе го истрчам конечно маратонот.

23. Ќе бидам дел од некоја хуманитарна акција.

24. Ќе испробам некој екстремен спорт.

25. Ќе имам дете.


Препознавте неколку од своите старо-нови новогодишни одлуки?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава