Најлудите прашања кои патниците ги поставиле во авион

На светот постојат секакви луѓе и веќе не може на ништо да се чудиме, бидејќи знаат навистина да отидат до крајност.

najludite-prashanja-koi-patnicite-gi-postavile-vo-avion-01.jpg

Такви се и одредени патници во авион, кои понекогаш поставуваат прашања на кои не би знаеле како да реагирате.

Вработените во авиокомпаниите ги споделуваат најлудите прашања кои некогаш биле поставени за време на лет.

Погледнете дел од нив и не се осудувајте да бидете дел од таа група луѓе:

„Како се отвора прозорецот?“

Стјуардесата која го добила ова прашање „морала“ да го разочара патникот дека ова не е автомобил кој лета на висина и дека прозорецот не се отвора.

najludite-prashanja-koi-patnicite-gi-postavile-vo-avion-02.jpg

„Заборавив нешто. Може ли да се врати авионот?“

Веројатно нема да поверувате дека некој го поставил ова прашање, но да, можно е.

„Може ли да летате малку пониско? Жена ми се плаши од висина.“

А, што очекувавте вие, дека нема да биде високо кога ќе се качите во авион?

najludite-prashanja-koi-patnicite-gi-postavile-vo-avion-03.jpg

„Може ли да летате пониско? Облаците го блокираат Големиот Кањон.“

За жал, авионите не се наменети за панорамски разглед и ако сакате да видите нешто, ќе мора лично да го посетите.

najludite-prashanja-koi-patnicite-gi-postavile-vo-avion-04.jpg

„Може ли да ми кажете до кој ќе седам? Мразам да седам до непознати.“

А, колкава е веројатноста да не седите до непознат во авион?! Ако сте толку загрижени од тоа, ставете слушалки.

„Може ли да седнам до пилотот? Роденден ми е.“

Музичка желба?

najludite-prashanja-koi-patnicite-gi-postavile-vo-avion-05.jpg

„Каде се наоѓа банкоматот во авион?“

Можеби сме слушнале за тајни места за спиење и скриени копчиња, но за банкомат во авион, сè уште не.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
40 чудни (и забавни) прашања кои може да им ги поставите на пријателите кога ви е здодевно Кое необично животно би го земал за милениче и зошто? Би живеел во свет без зима...
Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и други... Немојте да ја преуредувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Патување со крузер како од хорор-филм: 4.000 патници поминале 4 дена на море, без храна и функционал... Во 2013-та, патување со крузер се претворило во пекол откако бродот останал без ...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...

Најчитани неделава