Споделуваме искуства: Што сфатив додека носев иста облека на работа секој ден, цела година?

Колку незначајни одлуки носите секој ден, кои ви одземаат дел од енергијата? Дали и изборот на облека за на работа е дел од нив?

spodeluvame-iskustva-odev-sekoj-den-isto-oblechen-na-rabota-1-godina-i-bev-poproduktiven-01.jpg

Џејсон Стал вели дека одамна го слушнал терминот „работна униформа“ и навиката на некои успешни личности да ја носат истата облека на работа секој ден. Тој се информирал дека тоа им штеди многу време и пари, па иако му звучело чудно направил ваков експеримент во текот на една година.

Марк Закерберг е познат по своите сиви маици, Стив Џобс ја имаше познатата црна ролка, а Барак Обама речиси секој ден носеше син или сив костим додека беше претседател на САД.

Џејсон вели дека можеби не е успешен и зафатен како овие личности, но сепак е татко, сопруг, син на стари родители, кои имаат потреба од негова помош, фриленс писател и уредник на сајт за патување, па време плус во денот би му дошло одлично.

Неговото искуство:

„Будењето со мислата дека знам што ќе носам ми беше една грижа помалку во денот. „Униформата“ избрав да ми биде во смирени нијанси, без впечатливи дезени и пред сè да се чувствувам комфорно во неа. И, се разбира, купив доволно парчиња од таа комбинација за да имам за во текот на целата седмица, па и подолго. 

Се одлучив за кафено - сина комбинација и купив 6 пара исти панталони, 5 пара исти кошули, 4 пара маици со кратки ракави и 3 џемпери за да имам за секоја сезона.

spodeluvame-iskustva-odev-sekoj-den-isto-oblechen-na-rabota-1-godina-i-bev-poproduktiven-02.jpg

Во текот на овој период јас заборавав дека носам униформа, а и луѓето околу мене не забележуваа дека сум секој ден исто облечен, освен најблиските колеги со кои разговарав за тоа.

Новите очила, промената на брадата и на фризурата беа многу позабележителни, отколку тоа што носам. Луѓето се навикнаа да ме гледаат во мојата униформа.

spodeluvame-iskustva-odev-sekoj-den-isto-oblechen-na-rabota-1-godina-i-bev-poproduktiven-03.jpg

Бидејќи се чувствував многу комфорно во таа облека, почнав да бидам и посамоуверен околу работата. Умот ми беше побистар, затоа што не го почнував денот во хаос што да облечам. Енергијата ја насочував во носење на одлуки на работното место.

Запомнете дека најлесната одлука е таа што не треба воопшто да ја донесете.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава