Фенг-шуи и во вашата чанта - исфрлете сè што ви пречи за просперитетот

Во секојдневното брзање, својата чанта ненамерно ја преполнуваме со предмети кои го спречуваат протокот на енергија и го „крадат“ просперитетот.

feng-shui-i-vo-vashata-chanta-isfrlete-se-shto-vi-prechi-za-prosperitetot-02.jpg

Во женските чанти може да се најде сè и сешто, па така во нив многу често се насобрани работи на кои местото всушност им е во корпата за отпадоци: стари сметки, хартии од бомбони и гуми за џвакање, исушени влажни марамчиња, исушени пенкала, неупотребливи кармини...

Создадете своја „торба на богатството“

Ваквите предмети освен што нервираат кога набрзина се обидувате да најдете нешто во вашата торба, го нарушуваат и протокот на енергија, а со тоа и дотокот на финансии.

Ако верувате во фенг-шуи за просторно уредување, на тој начин „уредете“ ја и вашата чанта:

1. Создадете намера за изобилство

Вашата чанта е чувар на паричникот, клучевите од домот и автомобилот, мобилниот телефон... Што тоа говори за вас? Какви чувства ви буди? Сега е моментот да ги искажете вашите намери поврзани со неа, бидејќи таа треба да ја привлекува енергијата на изобилството.

Со други зборови, не гледајте на вашата чанта како складиште, туку како место каде се наоѓаат вашите значајни предмети.

feng-shui-i-vo-vashata-chanta-isfrlete-se-shto-vi-prechi-za-prosperitetot-01.jpg

2. Исчистете го нередот

На секои две до три недели треба да ја чистите својата торба од непотребни работи (исто така и паричникот, актовката и торбата во која го чувате лаптопот). Ослободете се од сè што не ја поткрепува вашата самодовреба и приходите и фрлете го во ѓубре.

Работите во торбата организирајте ги така да во секоја прилика можете сè што ви е потребно брзо да го најдете. Немој да дозволите нередот да ви го запре дотокот на богатство.

3. Бирајте црвена или златна боја на чанта

Црвената и златната боја се кинески симболи на изобилием кое дополнително ќе го поттикне дотокот на богатство. Овие бои особено се препорачуваат кога бирате паричник.

Како и чантата, така и паричникот треба да го одржувате во добра состојба, секогаш да биде чист и секако, заменете го кога ќе изветви. Еднаш неделно од него исфрлете ги застарените сметки и потврдите од банкомат, доколку имате навика да ги чувате во него. Ако сакате да се чувствувате богато, во паричникот носете каква било вредна пара, може и од странска валута.

4. Детоксикација на козметичкиот несесер

Ниту дејството на козметичката торбичка не е занемарливо, па затоа отстранете ја  сета неупотреблива шминка, сè што е скршено, искинато, со поминат рок или размачкано. Немојте да ги чувате ниту промотивните примероци само поради тоа што се бесплатни, на поголемиот дел од нив можеби веќе им е поминат рокот на употреба. Задржете ги само оние производи и бои кои ги сакате и ги носите и сте сигурни дека наскоро повторно ќе ги употребите.

feng-shui-i-vo-vashata-chanta-isfrlete-se-shto-vi-prechi-za-prosperitetot-03.jpg

5. Набавете си држач за чанта

Многу често се случува во кафулињата и дискотеките да немате каде да ја ставите вашата чанта, па во овие моменти ќе ви биде добредојден држач за чанта. Во никој случај, каде и да сте, вашата чанта немој да ја оставате на под бидејќи на тој начин од неа се исцрпува енергијата на парите - верување кое е тврдо вкоренето во повеќе традиции, а не само во кинеската.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...

Најчитани неделава