Три едноставни трикови за живот со помалку стрес

Постојано брзаме, доцниме, немаме време за дишење, а зборот стрес веќе ни е влезен во секојдневниот речник. Време е нешто да се промени.

tri-najvazhni-soveti-za-zhivot-so-pomalku-stres-01.jpg

Од стресот, за жал, не можеме да избегаме. Единствено што може да направиме е да го намалиме за да биде поподнослив и помалку да влијае врз нашата способност за работа и функционирање.

Следете ги овие совети, за да можете да успеете во тоа:

1. Посветете се само на една работа во моментот

Правете ги нештата едно по едно, концентрирани само на конкретната задача која ја имате. Дури и да сте врвен талент за мултитаск, избегнувајте да го применувате кога е работата во прашање.

tri-najvazhni-soveti-za-zhivot-so-pomalku-stres-02.jpg

2. Ослободете се од идеализирањето

Не си поставувајте големи цели, туку поделете го патот дотаму на повеќе етапи. Стравот од неуспехот е еден од најголемите причинители на стресот. Поради тоа, поефикасно е да си поставите неколку поблиски цели, наместо слепо да брзате кон нешто за кое го немате проценето ниту ризикот.

3. Прифаќајте ги другите со насмевка

Често однесувањето на другите може да не вознемири, особено ако сме имале поинакво мислење за нив. Наместо да се обидувате да се борите со нив, прифатете ги со насмевка. Така си олеснувате себе и живеете со помалку стрес предизвикан од луѓето околу вас.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава