5 начини да си го подобрите животот со законот за привлекување

Веројатно досега сте слушнале за законот за привлекување, а можеби и сте се обиделе да манифестирате нешто со негова помош. Нo што кога не гледате никакви резултати?

5-nachini-da-si-go-podobrite-zhivotot-so-zakonot-za-privlekuvanje-001.png

Постојат неколку ситници на коишто треба да им обрнете повеќе внимание доколку сакате вашите желби навистина да станат реалност.

Погледнете како можете да го подобрите вашиот живот со помош на законот за привлекување:

1. Останете позитивни и бидете благодарни

Во законот за привлекување важи правилото дека привлекувате сè што испраќате. Поради ова, важно е да останете позитивни. Доколку се чувствувате лошо, вие испраќате негативна енергија, па како „награда“ добивате уште повеќе негативност.

Можете да ја промените вашата вибрација од ниска во висока правејќи нешто што ви причинува задоволство. Кога ќе почнете да се чувствувате позитивно и кога ќе бидете благодарни за доброто во вашиот живот, ќе бидете наградени со повисока вибрација и позитивни исходи.

2. Ослободете се од незадоволството

Доколку чувствувате дека и покрај сите обиди не привлекувате ништо позитивно, можеби треба да размислите за отпорот што го давате. Најверојатно се чувствувате фрустрирано, се сомневате за вашите манифестации и жалите за нештата што сте ги направиле.

Потребно е да се ослободите од ова незадоволство и од отпорот што го чувствувате, но понекогаш тоа не можете да го направите сами. Нема ништо погрешно во тоа да побарате помош, без разлика дали од пријател или професионалец.

3. Почнете да креирате

Потребно е да си поставете јасни цели пред да тргнете кон нив. Доколку имате проблем со одредувањето на вашите цели, побарајте инспирација. Проучувајте ги луѓето кои веќе го постигнале она што го сакаат и барајте помош од професионалци.

Со читањето книги и истражувањето вие му помагате на универзумот да ја креира вашата иднина, но и си помагате да ги откриете нештата што ви се најважни.

4. Следете ги знаците

Универзумот постојано ви испраќа сигнали, а на вас останува да ги препознаете. Овие сигнали се лични пораки упатени кон вас и понекогаш можат да бидат неочекувани.

5. Побарајте

Штом ќе почнете да размислувате позитивно, штом ќе се ослободите од незадоволството и ќе почнете да креирате, време е да го побарате она што навистина го сакате. Она што нема да го побарате, нема ни да го добиете. На вас останува да ги зголемите вибрациите.

Можете да бидете креативни и да ја нацртате вашата цел, да напишете писмо или што било што ви одговара. Можете и тивко да медитирате. На крај, важно е да верувате дека универзумот навистина е на вашата страна.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...

Најчитани неделава